Бобан Митев го наследи Стефанов на кормилото на МЗТ Скопје

Бобан Митев ќе го замени Врбица Стефанов на „жешкото" тренерско столче на клупата на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје.

Митев, кој од почетокот на сезоната беше најнапред заменик на Словенецот Змаго Сагадин, а потоа му асистираше и на Стефанов, сега ќе ја извршува тренерската функција, потврдија од клубот во краткото соопштение на својот веб сајт.

„Управата на МЗТ Скопје Аеродром разгледувајќи ја моменталната ситуација во клубот, на денешниот состанок донесе одлука со која досегашниот помошен тренер, Боби Митев, ќе продолжи да го води тимот на МЗТ Скопје Аеродром и во наредниот период, откако претходно од функцијата шеф на стручен штаб се повлече Врбица Стефанов'', стои во соопштението.

Митев го предводеше МЗТ Скопје во саботниот натпревар од АБА-лигата против Партизан во Белград, а веќе во среда му претстои дуел во домашното првенство против екипата на „Гоце Делчев“. /МИА

Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф

Три лица загинаа, а 16 се повредени во синоќешната експлозија на киоск лоциран во станбена зграда во германскиот град Дизелдорф.

Помеѓу повредените двајца се во животна опасност.

Противпожарната служба соопшти дека киоскот целосно изгорел, а пожарот го зафатил и првиот кат од станбената зграда. Пожарот подоцна бил изгаснат, а истрагата за причините за пожарот е во тек, соопшти германската полиција.

ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо

ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза.

Обвинителството презема истражни дејствија на прибавување и анализа на докази за првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, кој вчера беше екстрадиран од Турција.

Како што соопштија од ОЈО Скопје, за петмината други осомничени во оваа постапка, истрагата е во завршна фаза.

- За петмина осомничени, од кои тројца соизвршители во тешките кривични дела – две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден осомничен за помагање при грабнувањето на малолетно лице и еден осомничен за помагање по извршеното кривично дело, истрагата е во завршна фаза, стои во соопштението од Обвинителство.

Оттаму дополнуваат дека продолжуваат да преземаат истражни дејствија во предметот.

Палевски, кој минатата година на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, синоќа со конвој од пет возила на Интерпол беше спроведен во Истражниот затвор Шутка. Во затворот тој е под специјален безбедносен режим, без контакт со други притвореници.

Тој е осомничен за убиство на малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023, а пронајдени мртви во близина на Велес и на Скопје на 3 декември.

За соучество за убиството се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во домашен притвор од неодамна е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето.

Со мерки на претпазливост за овој случај е и Стефан Димовски, возачот на Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството.

Кучето Меси е ѕвезда на црвениот тепих во Кан

Меси, кучето од филмот „Анатомија на падот“ беше ѕвезда на отворањето на Канскиот филмски фестивал. 

На црвениот тепих прошета седумгодишен Бодер Коли, а фотографите го повикаа извикувајќи го неговото име.

Застана на скалите, а потоа ги крена предните шепи во воздух како поздрав до толпата. Меси беше во центарот на вниманието околу 20 минути.

притисни ентер