Бојмацалиев од Пробиштип: Годинава бонус плата во МВР од 36.000 денари

Бојмацалиев информираше дека колегите ги информирал дека бонус платата од 36.000 денари за 2023 година ќе биде исплатена на вработените во МВР кои ги исполнуваат условите по завршување на техничката Влада, согласно позитивните законски прописи.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев денеска беше во работна посета на подрачјето на СВР Куманово и СВР Штип каде што оствари работни средби со раководствата на Полициското одделение Старо Нагоричане, Одделенијата за внатрешни работи во Кратово и Пробиштип, во рамки на серијата посети со цел увид во постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и во евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.

Посочи дека заклучокот од сите состаноци е дека безбедносната состојба е поволна и стабилна. Штабовите за претседателските и парламентарните избори функционираат, прибираат информации, со цел фер, слободни и деморкатски избори, како што беа од 2017 година навака, а така ќе биде и овие избори ќе го дадеме максимумот од МВР.

-Во делот на реконструирани објекти на територијата на СВР Куманово, 100 проценти сите полициски објекти во овој реон се реконструирани, а меѓу нив се и: полициската станица Кратово со 3.800.000 денари, полициското одделение Старо Нагоричане со 3.460.000 денари и Полициското одделение Ранковце со 1.400.000 денари, средства издвоени од буџетот на МВР, а при изведбата беа имплементирани и мерки за поголема енергетска ефикасност на објектот, а со тоа и поголеми заштеди како и заштита на животната средина, истакна Бојмацалиев. Притоа, тој потсети дека и на територија на СВР Штип во период од шест години се реконструирани осум објекти.

-Во делот на реконструирани објекти на територијата на СВР Штип изминативе шест години беа реконструирани осум објекти меѓу кои и објектот каде што бевме денеска во посета ОВР Пробиштип (четири милиони денари) ,ОВР Свети Николе, ПС за БПС Штип, ПК Македонска Каменица, ОВР Кочани, ОВР Виница, ОВР Берово и ОВР Делчево за што од буџетот на МВР беа издвоени вкупно над 90 милиони денари. Само еден објект на подрачје на СВР Штип не е реконструиран, за што се обврзуваме во наредниот период да го реконструираме, со што и тука ќе дојдеме до 100% опфатеност на подобрување на условите за работа, рече Бојмацалиев, со уверување дека подобрените работни услови на колегите од СВР Куманово и СВР Штип, по цели 50-60 години, ќе бидат мотив и понатаму да продолжат со несмален интензитет во полициското работење, а со цел одржување на поволна безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски Изборен процес што ни претстои наредниов период.

Бојмацалиев информираше дека колегите ги информирал дека бонус платата од 36.000 денари за 2023 година ќе биде исплатена на вработените во МВР кои ги исполнуваат условите по завршување на техничката Влада, согласно позитивните законски прописи. Тој додаде дека до 2017 година не беа исплаќани бонус платите, од 2017 година до денеска сите бонус плати се исплаќаат редовно, така ќе продолжи и во наредниот период.

ОЦХА: Отстранувањето на експлозивните направи во Појасот Газа ќе трае 14 години

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека отстранувањето на бомбите и другите видови неексплодирани смртоносни средства во Појасот Газа може да потрае 14 години.

Според процените на ОН, за време на војната во Појасот Газа настанати се 37,5 милиони тони урнатини, а поголемиот дел од нив е покриен со бомби и други видови муниција кои не експлодирале.

ОЦХА соопшти дека околу два милиони луѓе или половина од населението на Појасот Газа, нашле засолниште во Рафа, но немаат пристапат до основните потреби како што се здравствена заштита, чиста вода и санитарни објекти. /МИА

МП: Дозволена е екстрадицијата на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиството на Вања и Панче

Министерството за правда информира дека е добиено  официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Турските власти уште во февруари му ветиле на министерот за правда Кренар Лога дека во брзо време во земјава ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, но иако му бил посочен и рок, тој не сакаше да сподели кога ќе се случи тоа бидејќи се уште траат административните процедури.

Инаку, веќе е завршена судската процедура за Палевски, кој е првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Додека се чека на екстрадицијата на Палевски, од притвор излезе таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, на кого Врховен му ја прифати жалбата, а осомничените за соучесништво Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски остануваат во притвор.

По три месеци поминати во притвор возачот Стефан Димковкси кој го превезуваше Палевски низ Србија Бугарија и Турција, беше пуштен да се брани од слобода и му беа определени мерки на претпазливост.

Зеленски: Украина ќе влезе во НАТО по победата во војната со Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е убеден дека Украина ќе се приклучи во НАТО по победата во војната со Русија.

Зеленски го изјави ова за време на состанокот со офицери кои минуваат курсеви за професионално воено образование според стандардите на НАТО, со учество на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Според мое лично мислење, ние ќе бидеме во НАТО дури кога ќе победиме“, нагласи Зеленски. /МИА

притисни ентер