Боки-13 бара повторување на кривичната постапка за „Рекет“

Пред Кривичниот суд побара повторување на постапката за случајот Рекет.

Облечен во негов препознатлив стил, навидум во добра физичка состојба за која рече дека не одраз на здравствените проблеми со кои се соочува, Бојан Јовановски познат како Боки 13 за прв пат се појави пред медиумите откако доби прекин на издржувањето на затворската казна. Пред Кривичниот суд побара повторување на постапката за случајот Рекет. Тужбата на бизнисменот Орце Камчев која Основниот граѓански суд ја одби а со која бараше 1, 5 милиони евра од Јовановски и Катица Јанева од Рекет, исказите на Ана и Ратка Камчеви пред тој суд, се доволна причина според него Кривичен да ја повтори постапката за случајот Рекет со што како што вели, јавноста ќе дознае каде завршија парите од Луј Витон чантата.

-На крајот на краиштата сите не занима каде се парите. Одговорот мислам дека многу добро го знае Русковска, го знае Јордан Камчев, го знаат неколку политичари, а одговорот го знам до некаде и јас зошто сум учествувал во сите тие дејствија и тоа не го спорам. – Бојан Јовановски – Осуден во случај Рекет

За случајот Рекет Боки 13 доби 9 години затвор, екс специјалната обвинителка Јанева 7 години. Апелација ја потврди пресудата а Врховен суд кој и сега треба да одлучи по барањето за повторување на постапката, еднаш веќе им ги одби жалбите за вонредно преиспитување на пресудата. Јовановски беше првостепено осуден и за случајот Меѓународен Сојуз, но оваа пресуда Апелација ја укина на почетокот на април и го врати предметот на повторно одлучување.

Таравари: Нема документ, постои договор, јас го нареков џентлменски

Зиков: Гаши е коректен политичар, времето ќе покаже каков претседател ќе биде

Таравари: Нема документ, постои договор, јас го нареков џентлменски, Коалицијата „Вреди“ е најдобра гаранција за тоа дека Македонија ќе го продолжи европскиот пат. Во првата декларација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ имаше три точки: европски пат, брз економски развој и борба против криминал и корупција и правна држава. Не сакам да ни се повтори 2008, од тогаш до 2024 година ништо не се направи. Имаме 80 пратеници за сега, има шанси и со 110 гласови да поминат уставните измени само треба да се најде модалитет како ќе се „спакува“ во Скопје и Софија, не велам за месеци но за брзо ќе се најде решение. Гаши е еден од најчесните политичари, се надевм ќе биде одговорен и добро ќе ја води функцијата.

Зиков: Ако сакате повисоки стапки на раст треба да ги фокусирате реформите и во Македонија треба да се искристализираат фокусирани министерства, тоа не значи поголем број вработени. Ако СДСМ го дал спикерското место претходно, нема зошто ВМРО-ДПМНЕ да не го направи истото, иако тие имаа доволно пратеници да имаат своја автохтона политика, но олитички, морално и етички некоректно е што истово месеци претходно и во кампањата ВМРО-ДПМНЕ го квалификуваа како „дуизација“ на Македонија. Албанците се рамноправни граѓани како и сите други. Друго прашање е дали со темите за Албанци и Македонци дали можеби треба да се постават прашањата за другите заедници кои живеат во Македонија?

Гром уби ранчер во Колорадо, настрадаа и неговите 34 крави (ВИДЕО)

Во удар на гром во округот Џексон во американската сојузна држава Колорадо загина сточар, а настрадаа и неговите 34 крави.

Во несреќа во саботата, 51-годишниот Мајк Морган загина на својот ранч во Ренд, на околу 190 километри северозападно од Денвер, а молњите собориле околу 100 негови крави, објави Индипендент.

Годишно во САД има околу 50 смртни случаи поврзани со гром, проценува Националната управа за океани и атмосфера, наведувајќи дека шансите да ве погоди гром се еден на милион.

Податоците од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажуваат дека имало 444 смртни случаи поврзани со гром во САД помеѓу 2006 и 2021 година.

Полска го ограничува правото на движење на руските дипломати: Ова да го сфатат многу сериозно

Полска ќе воведе ограничувања кога станува збор за движењето на руските дипломати на нејзина територија поради вмешаноста на Москва во хибридната војна против Европската унија, изјави денеска министерот за надворешни работи Радослав Сикорски.

Односите меѓу Полска и Русија се затегнати по избувнувањето на конфликтот во Украина во 2022 година.

Варшава ја обвинува Москва и за шпионски активности и саботажа на територијата на Полска, пренесува Ројтерс.

„Се надеваме дека Руската Федерација ќе го сфати ова како многу сериозно предупредување“, изјави Сикорски за новинарите во Брисел.

Тој додаде дека руската амбасада во Варшава ќе биде известена за оваа одлука и дека ограничувањата за движење важат за целиот персонал во амбасадата и конзулатите, освен за амбасадорот.

притисни ентер