Болница во Тексас со пренос од операција на мозок, пациентката цело време разговара (ВИДЕО)

Млада пациентка од Тексас, која била будна за време на операција на мозокот, можела да разговара со лекарите за време на операцијата, а гледачите од целиот свет можеле да го следат тоа, бидејќи дел од операцијата се пренесувала во живо на Фејсбук

Скоро 100.000 луѓе ја погледнаа операцијата , односно 40 минути од постапката во која лекарите во извадија тумор од мозокот на Џена Шард.

На снимката се гледа како 25-годишната пациентка разговара со лекарите од едната страна на завесата, додека лекарите со хируршки маски и го оперираат мозокот од другата страна на завесата.

Шард доживеала мозочен удар поради затнување на крвните садови во левиот лобус што и предизвикало проблеми со говорот, изјави неврологот од Методистички здравствен центар во Далас, д-р Нимеш Пател.

Девојката морала да остане будна за време на операцијата за лекарите да не оштетат ниту еден дел од мозокот што го контролира говорот, па морала да кажува различни зборови за време на операцијата за хирурзите да направат карта на мозокот, изјави Пател.

На Шард дури и биле поставувани прашања во врска со нејзиното куче за да ја тестираат нејзината меморија во постапката што траела вкупно 4,5 часа.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер