Болт со едно злато помалку од Пекинг

Интернационалниот Олимписки комитет го одзема златниот медал на штафетата на Јамајка во трката на 4 х 100 метри на Олимписките игри во Пекинг.

Причината за оваа одлука е позитивниот допинг тест на Неста Картер. Со тоа и најдобриот атлетичар на светот Усеин Болт остана без златниот медал.

Картер беше позитивен на метилхексанамин. Покрај Картер без медал останаа и другите тројца од штафетата, Мајкл Фрејтер, Јохан Блејк и Усеин Болт.
По одземањето на златото од штафетата на Јамајка, Болт сега има осум златни олимписки медали.

Златото од Игрите од Пекинг сега е за штафетата на Тринидад и Тобаго, среброто е за Јапонија, а бронзата за Бразил.

Масовна тепачка во Парламентот на Грузија пред донесување контроверзен закон (ВИДЕО)

Физичка пресметка се случила денеска во грузискиот Парламент на пленарната седница пред почетокот на гласањето на законот „за странски агенти“.

Физичка пресметка се случила денеска во грузискиот Парламент на пленарната седница пред почетокот на гласањето на законот „за странски агенти“, кога членовите на парламентарното мнозинство физички го нападнаа пратеникот од опозицијата Леван Кабеишвили откако тој изјави дека власта ѝ ја „продава“ Грузија на Русија.

Седницата продолжила и по тепачката, пренесува Интерфакс.

Правната комисија на Собранието вчера го усвои предлог-законот без учество на опозицијата, додека во близина на зградата беа уапсени 20 демонстранти кои протестираа против законот.

Парламентот на Грузија на 1 мај во второ читање го усвои предлог-законот „За транспарентност на странско влијание“, со кој се предвидува организациите кои добиваат повеќе од 20 проценти од средствата од странство да бидат регистрирани како „застапници на странски интереси“.

Ваквиот закон минатата година беше откажан поради масовни протести, но во април годинава владејачката партија „Грузиски сон“ предложи речиси идентичен закон, со промената наместо терминот „застапник за странски интереси“ да се стави терминот „организација што работи за странски интереси“.

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Фолкер Турк, претходно ја повика Грузија да го повлече овој нацрт-закон од процедурата, додека претставниците на Европската унија предупредија дека неговото усвојување ќе биде сериозна пречка Грузија да стане членка на ЕУ.

Грузиското Министерство за надворешни работи на 2 мај потврди дека премиерот Иракли Кобахидзе одбил да ги посети САД, откако американската страна поставила услов да ги прекине дискусиите за нацрт-законот.

Билборд висок 70 метри се урна во индија, загинаа 14 лица (ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа, а десетици се повредени откако џиновски билборд се урна за време на ненадејна бура во индискиот град Мумбаи..

Видео снимката покажува дека билбордот се тресе од ветрот пред да падне врз куќи и бензинска пумпа до прометниот пат во источното предградие Гаткопар..

Најмалку 75 луѓе се повредени, од кои половина биле пренесени во болница..

Властите велат дека билбордот висок 70 метри и широк 50 метри, бил неколку пати поголем од законската големина, а агенцијата што го поставила немала дозвола..

Градот претходно бил зафатен од силно невреме..

Обвинителството изврши увид по двојното убиство во с.Стајковци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци .

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат.

Причините се утврдуваат. Сторителот е идентификуван и обезбеден. Тој е хоспитализиран со повреди.

Обезбедени се траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција, соопштуваат од ОЈО.

притисни ентер