Борис Џонсон : Британија е како Хулк од стриповите

,,Што е полуд , тоа е посилен. Кога ќе го испровоцираат , крши окови” , така премиерот на Британија ја спореди неговата земја со суперјунакот Хулк.

Британскиот премиер Борис Џонсон ја спореди Велика Британија со измислен суперхерој Неверојатниот Хулк во интервју, повторувајќи ја својата решеност да ја извади Велика Британија од Европската унија на 31 октомври, објави денеска „Дејли меил“.

Џонсон рече дека ќе најде начин да ја заобиколи парламентарната одлука со која се бара да го одложи Брегзит доколку не склучи договор со Европската унија, пишува „Дејли меил“.

„Колку е полут Хулк, толку е посилен“, изјави Џонсон.

,,Хулк секогаш знае да избега, колку и да изгледа цврсто врзан, таква е оваа земја. Ќе бидеме надвор од ЕУ на 31 октомври, додаде тој.

Британскиот парламент во неколку наврати го одби договорот со претходникот на Џонсон, Тереза ​​Меј, а овој месец гласаше земјата да не ја напушти ЕУ без договор.

Џонсон рече дека сака да преговара за нов договор со ЕУ , што гарантира дека нема да има граница меѓу Ирска и Северна Ирска по Брегзит.

ЕУ досега инсистираше на граница , а Велика Британија не излезе со алтернатива.

Прашањето на границата е клучно за поделената Северна Ирска. Ирските националисти остро се спротивставуваат на враќање на границата, а заради можното воведување на граница, неодамнешните анкети покажуваат дека за прв пат мнозинството од населението на Северна Ирска, 51 процент, сакаат повторно обединување со Ирска.

Џонсон оваа недела се состана со претставници на Демократската унионистичка партија, која ги поддржува конзервативците во парламентот и остро се спротивстави на одложувањето на излезот.

Британскиот премиер изјави дека е „многу сигурен“ пред утрешниот состанок со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

,,Во тек се добри, многу добри разговори за решавање на прашањето за границата со Северна Ирска. Постигнат е огромен напредок, изјави Џонсон за „Дејли меил“, без дополнителни детали.

Џонсон денеска повлече паралела меѓу позицијата на Велика Британија во разговорите за Брегзит и фрустрацијата што ја чувствува Брус Банер, кој кога ќе се налути,станува Неверојатниот Хулк.

„Банер можеби е врзан со окови, но доколку се испровоцира, ќе ги скрши“, рече тој.

Вчера уште еден конзервативен пратеник ја напушти пратеничката група. Поранешниот државен секретар Сем Гајмах, се префрли во проевропската либерална демократска партија.

Според анкетата на „Опиниум“ за весникот „Обсервер“, поддршката за конзервативците пораснала на 37 проценти од претходните 35 во изминатите неколку недели, додека корбиновите лабуристи имаат поддршка од 25% од Британците.

Либерал-демократите забележаа мал пад на поддршката, од претходните 17 на сегашните 16 проценти, додека партијата на Фараж, Брегзит се уште има поддршка од 13 проценти од Британците.

Од друга страна, анкетата „Сандеј експрес“ од „Комерс“ покажува дека 28 проценти од граѓаните ги поддржуваат конзервативците, додека 30 проценти ги поддржуваа во претходната анкета,со мала предност во однос на лабуристите кои ги поддржуваат 27 проценти.

Според анкетата на „Комерс“, само 12% од 2.000 анкетирани сметаат дека на британскиот парламент може да му се верува да ја направи вистинската работа за земјата.

Уапсени се тинејџери во Германија- на мобилните имале упатства за составување бомби

Четворица тинејџери биле уапсени за католички Велигден во Германија под обвинение дека подготвувале напади со исламистичко потекло, информирајќи се за склопување на експлозивни направи, објавија денеска германските медиуми.

„Обвинетите се подготвувале за напади со експлозивни направи кои првенствено служат за ширење оган и за напади со мачети“, известува јавниот сервис WDR, повикувајќи се на извори во истражните кругови.

При анализата на податоците на мобилните телефони на четворицара малолетници, уапсени во април под сомнение дека подготвувале напад со исламистичка позадина, пронајдени се упатства за составување експлозивни направи.

При претресот во станот на еден од осомничените биле пронајдени нож и мачета. Во исто време, како што се наведува, не се пронајдени информации за можни конкретни цели, туку како места на можни напади се споменуваат само градови како Келн, Дизелдорф, Дортмунд и Штутгарт.

Четири малолетници на возраст од 15 и 16 години, од кои три се момчиња и едно девојче, се уапсени во сојузните покраини Северна Рајна-Вестфалија и Баден Виртемберг откако Канцеларијата за заштита на уставниот поредок ги следела активностите на еден од осомничените на форуми каде што се собрани од исламистите и поддржувачите на т.н исламски држави.

Во последно време исламистите, меѓу другото, поради зголемениот број на пропалестински протести кои често ги организираат забранети организации поврзани со Хамас, повторно станаа во центарот на вниманието на истражните органи.

Минатиот викенд во Хамбург се одржа протест на кој отворено се повика на воведување шеријат во Германија, поради што на удар е министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип

Во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Радовиш-Штип загинаа двајца возачи, а сопатничка од едното возило е пренесена во штипската Болница.

Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во несреќата учествувале автомобили „пасат“ и „опел“.

- На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а сопатничка од патничкото возило „опел" е пренесена во Медицински центар Штип, изјави Трајанова.

Увид на местото на несреќата врши јавен обвинител, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат.

Од полицијата повеќе детали за несреќата најавуваат за утре.

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат 49 или повеќе часа неделно, најмногу во Грција

Во Европската унија во 2023 година, 7,1 отсто од вработените работеле 49 или повеќе часа неделно, што спаѓа во долго работно време, покажуваат податоците објавени од Евростат.

Од земјите на Европската унија најголем удел на работници со долго работно време има Грција, поточно 11,6 отсто, потоа Кипар со 10,4 отсто и Франција со 10,1 отсто.

Најмал удел на вакви работници е забележан во Бугарија, 0,4 отсто, како и во Литванија и Летонија, по 1,1 отсто.

Речиси една третина од самовработените или поточно 29,3 отсто од оваа категорија работат 49 или повеќе часа неделно, додека кај вработените овој процент е значително помал и изнесува 3,6 отсто.

Долгите работни часови најчесто се застапени кај квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарството, како и кај менаџерите.

Како што пренесува порталот Статиста, вработените со полно работно време во Европската унија во првиот квартал од 2023 година работеле во просек по 40,4 часа неделно.

притисни ентер