Борусија Дортмунд поуспешна од Порто

Екипата на Борусија Дортмунд оствари предност во дуелот од 1/16 финалето од Лига Европа против Порто откако на првиот натпревар одигран вечерва победи со 2:0.

Изненадување направи дански Митјиланд со триумфот над премиерлигашот Манчестер Јунајтед, додека бранителот на пехарот Севиља забележа најубедлива победа од 3:0 против Молде.

На седумте натпревари кои завршија на шест победија домашните екипи, единствено Тотенхем одигра нерешено со Фиорентина на гости.

Резултати: Андерлехт – Олимпијакос 1:0, Борусија Дортмунд – Порто 2:0, Фиорентина – Тотенхем 1:1, Митјиланд – Манчестер Јунајтед 2:1, Севиља – Молде 3:0, Сент Етиен – Базел 3:2, Виљареал – Наполи 1:0.
Во терминот од 21:05 часот играат: Аугсбург – Ливерпул, Галатасарај – Лацио, Олимпик Марсеј – Атлетик Билбао, Шахтјор – Шалке, Сион – Брага, Спарта Прага – Краснодар, Спортинг – Баер Леверкузен и Валенсија – Рапид Виена.

Во вторникот Фенербахче победи со 2:0 на домашен терен со Локомотив Москва. Реванш натпреварите се играат на 24 и 25 февруари. /МИА

Мицотакис со став: Ако не се почитува Преспанскиот договор ќе има проблеми

Ако новата влада не го почитува Преспанскиот договор ќе има проблем. Ова е ставот на грчкиот премиер Мицотакис запрашан за реакцијата на Грција доколку новите власти во Македонија не го употребуваат уставното име. 

Грчките власти не дочекаа ниту да седне во новата фотеља новиот владин состав и веднаш ја започнаа реториката за почитувањето на обврските од преспанскито договор. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Алфа“, кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите во земјава од грчка страна се следат со загриженост и со голем интерес се чека официјалниот став на новата власт за тоа како ќе се нарекува земјата во официјалните изјави. Тој во интевјуто посочи дека ќе бидат трпеливи и дека се надева дека тоа што се зборуваше пред зиборно од ВМРО нема да биде и официјална позиција на новата Влада.

„Со загриженост гледам некои изјави на функционери на ВМРО и ќе го чекам официјалниот став на мандатарот за да видам како ќе се повика на името на својата држава. Јас лично не се согласував со Договорот од Преспа. Но, јас го прифатив договорот во контекст на континуитетот на државата и препознав дека и покрај моето несогласување, истите ставови сега постојат од раководството на државата и ако бидат искажани по изборите, ќе имаме проблеми“.

Мицотакис во интервјуто рече дека иако тој лично претходно не се согласувал со Преспанскиот договор, особено во деловите „македонска нација“ и „македонски јазик“, сепак го прифатил во рамки на континуитетот на државата и рече дека и покрај тоа што тој не се согласува со него, одбрал да го почитува па затоа се надева дека и новото раководство на нашата земја ќе се држи до одредбите на овој меѓународен договор.

Инаку победата на ВМРО на изборите изминатите неколку дена е топ тема во грчките медиуми, каде акцентот е ставен на употребата на името „Македонија“ почитувањето на преспанскиот договор, но и на ставот на официјална Атина за конкретното прашање и со особено внимане ќе се следи како идната претсдателка ќе положи заклетва и дали ќе каже само Македонија.

Ахмети: Потпишавме договор со кој се гарантира дека земјата ќе го продолжи европскиот пат

Од Европскиот фронт денеска на посебен настан презентираа документ за кој велат дека е договор меѓу сите албански партии да инсистираат на уставни измени и внесување на Бугарите во истиот, пред да бидат дел од новата Влада…

Европскиот фронт на прес конференција го откри договорот што го потпишале сите партиски лидери.

Заедничка политичка декларација

Почетокот на преговорите со Европската Униа (ЕУ) носи стратешки и значајни придобивки за нашата земја.

Имајќи ja предвид актуелната политичка криза во Македонија ние

долупотпишаните се придружуваме со обединет глас да одговориме на итната потреба за решавање и стабилност во земјата.

Актуелната криза, тесно поврзана со предложените уставни измени, бара итно внимание и конструктивни напори за заштита на демократските принципи и благосостобата на граѓаните на Македонија.

Предложените уставни измени создадоа ситуација која бара внимателно разгледуванье,

отворен дијалог и заедничка посветеност за изнаоѓање трајно и сеопфатно решение.

Во овој дух на единство и колективна одговорност jа претставуваме оваа заедничка

политичка изјава, согледувајќи ја итноста и тежината на предизвиците со кои се соочува

Македонија.

За овие цели ние како политички партии изјавуваме:

Ние, долупотпишаните политички партии, имајќи ја предвид состобата во која се наоѓа

државата и должноста што jа имаме кон граѓаните, чувствуваме обврска да изјавиме дека сме целосно решени, сега и во иднина да соработуваме и да владееме заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени како услов за продолжуванье на процесот на интеграција на земјата во ЕУ.

Потписи на партиски претставници (наредени по азбучен ред)

Арбен Таравари

Африм Гаши

Али Ахмети

Билал Касами

Изет Меџити

Заврши првата средба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Влен“

Пред малку во седиштето на ВРЕДИ заврши средбата со претставници на ВМРО-ДПМНЕ. 

Попладнево се одржа првата средба на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Влен за контурите на следната Влада.

На плоштадот Скендер Бег е Игор Манасиевски.

притисни ентер