Божиќна порака на Папата: Мир во Ерусалим Христос го гледаме во децата

Во традиционалниот благослов Урби ет орби, Папата Франциск очекувано повика на мир во конфликтните региони од Сирија и Ирак, преку Јемен и Судан до Венецуела.

Ветровите на војната дуваат во нашиот свет, предупреди Папата во годишното обраќање пред илјадниците верници на плоштадот Свети Петар во Ватикан, ставајќи го фокусот на бранувањата на Блискиот Исток околу статусот на Ерусалим.

- Го гледаме Исус Христос во децата на Блискиот Исток, кои продолжуваат да страдаат поради тензиите меѓу Израелците и Палестинците. Да се помолиме за волјата за продолжување на дијалогот меѓу двете страни и конечно да се постигне решение, кое ќе донесе мирен соживот на двете држави, изјави Папа Франциск, поглавар на Римокатоличката црква
Папата синоќа одржа литургија во Базиликата Свети Петар, каде што се помоли за мигрантите, чие страдање го спореди со библиската приказна за страдањето на Марија и Јосиф на пат кон Витлеем. А, во Витлеем, и покрај политичките тензии, предизвикани по одлуката на Трамп за Ерусалим, празникот се одбележа и во колевката на Исус Христос, каде што доминираа политички пораки.

- Мојата порака е до сите оние кои имаат моќ да одлучуваат за нашата иднина. Денеска, повеќе од било кога, ни е потребен сериозен пристап од сите кои носат политички одлуки, вели Надбискуп Пјербатиста Пицабела, кустос на Светата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија за Божиќ одговараа на телефонските повици на децата поврзани со Дедо Мраз. И на Балканот празнично, иако овој пат, барем во медиумите преовладаа зајадливите коментари за божикната елка во Белград, која официјално е прогласена за најскапа на светот и чини 83 илјади евра.

- Одвратна ми е. Зарем е можно толку пари да се дадат за една ваква бедна елка, вели жителка на Белград

- Шокирана сум, една елка толку да чини, а има луѓе кои гладуваат, туристка од Франција

Колку за споредба, според американските медиуми, раскошната елка лоцирана во центарот Рокфелер во Њујорк чини четири пати помалку.



Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер