Брат и направи матурски фустан на својата сестра , родителите немале пари за да и го купат (ФОТО)

Родителите на матурантката Лу Аси немале пари да и купат матурски фустан, но нејзиниот брат Маверик доби генијална идеја. Тој реши да и помогне на својата сестра и сам да го дизајнира и да го шие фустанот.

Откако ја направил скицата, Маверик ги купил сите материјали со финансиска помош на хумани луѓе, па дури и рачно ги насликал деталите на фустанот. Тој работел две недели на фустанот, а кога конечно завршил, неговата работа остава без здив.

Лу, со голема сина наметка и круна на главата, изгледа како вистинска принцеза, а на матурата ги намами погледите на сите гости. Вистинскиот пример за братска љубов беше дополнително зајакнат со фактот дека матурата се одржа на Денот на вљубените.

Маверик го сподели со своите пријатели на Фејсбук целото искуство, па дури и ги постави сите фотографии што ги направил додека работел на фустанот. Иако многумина мислеле дека Маверик учи шиење, тој ги изненади сите кога откри дека е обичен студент по уметност и култура.

„Сестра ти е вистински среќник“, „Ти си иден моден дизајнер“, „Ова е вистинска љeубов“, се само неколку од коментарите оставени под објавата на Маверик.

Лу сепак не успеа да ја освои наградата за најдобар фустан на матурската, но таа вечер сигурно ќе и остане во најубаво сеќавање.

Дејвид Коперфилд обвинет за сексуална злоупотреба од повеќе жени

Повеќе жени го обвинија американскиот илузионист Дејвид Коперфилд за сексуална злоупотреба. Настаните се случувале во распон од неколку десетлетија, објави британски „Гардијан“.

Од 16 жени, некои биле и помлади од 18 години кога наводно се случило она што го тврдат. Коперфилд беше обвинет за недолично однесување и во 2018 година, кога жена по име Бритни Луис тврдеше дека тој ја дрогирал и сексуално ја нападнал три децении претходно. Натаму, три жени тврдат дека Коперфилд ги дрогирал пред секс. Настаните, според можните жртви, го опфаќаат периодот од доцните 1980-ти до 2014 година.

Коперфилд (67) одрекува каква било злоупотреба и „никогаш не постапувал несоодветно кон никого, а не пак, кон малолетник“, нагласуваат неговите адвокати.

Коперфилд претходно беше „под лупа“ и поради неговите врски со обвинетиот сексуален подведувач Џефри Епстин, кој почина во затвор во 2019 година.

„Нашиот клиент не беше свесен за грозоморните злосторства на Епстин... Како и остатокот од светот, и тој дозна за тоа од печатот“, тврдат адвокатите на Коперфилд.

Друга жена, која доби псевдоним во печатот, сведочи дека го запознала илузионистот по еден негов настап, кога имала 15 години. Таа раскажува дека следниве години, тој ѝ се јавувал доцна во ноќта и ѝ испраќал подароци, а кога наполнила 18 години, вели, двајцата имале консензуални односи.

САД одобрија потенцијална продажба на воена опрема на Украина во вредност од 100 милиони долари

Стејт департмент одобри потенцијална продажба на американска воена опрема за Украина во вредност од 100 милиони долари, соопшти Пентагон.

Во соопштението се истакнува дека Стејт департментот и одобрил на Украина потенцијалната продажба на опрема за копнено надгледување од НАТО, како и за поддршка и друга опрема за таа програма во висина од 250,2 милиони американски долари.

Главен продавач на воена опрема ќе биде американската одбранбена компанија „Нортроп Граман“ (Nortrop Graman).

Едвардс: Тренерот ми рече да бидам агресивен, иако ме удвојуваа

Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс веќе се гледаа во финалето на Западната конференција од НБА плеј-офот кога двапати го совладаа Денвер како гости. 

А потоа, седум дена подоцна, беа отпишани кога загубија три натпревари по ред од актуелниот шампион. Сега убедливо ги совладаа Никола Јокиќ и другарите и изборија „мајсторка“.

Минесота победи со 115:70 и стигнаа до седми меч од серијата, а најзаслужни за овој успех беа младите кошаркари Ентони Едвардс и Џејден МекДаниелс.

-Џејден беше наш водач денес. Претходно кажав дека сите во нашиот тим се лидери, а Џејден беше лидер вечерва. Тој исчекори во преден план. Тренерот Финч беше одличен и ми рече утрото пред натпреварот да најдам начин да бидам агресивен иако ме удвојуваа. Тоа го правеше и Феникс, па секако бев агресивен. Само размислував за тоа, изјави Ентони Едвардс по натпреварот.

Навивачите на Минесота беа загрижени за една ситуација во која Едвардс имаше болен пад, но на прашањето дали ќе игра во натпреварот број 7, поранешниот број 1 на НБА драфтот не остави простор за сомнеж.

- Дефинитивно ќе бидам подготвен за недела, изјави тој.

Седмиот, решавачки натпревар од серијата, е закажан за в недела на 19 мај во 22 часот по наше време.

притисни ентер