Братче и сестриче загинаа на роденденска забава- во куќата им влетала пијана жена со автомобил

Маршела Чидестер (66), која е обвинета за убиство на две деца кога со својот автомобил влетала во куќа во која се одржувала роденденска забава во Мичиген, наводно страдала од „напад сличен на епилепсија“.

Маршела Чидестер (66), која е обвинета за убиство на две деца кога со својот автомобил влетала во куќа во која се одржувала роденденска забава во Мичиген, наводно страдала од „напад сличен на епилепсија“, што било наведено во нејзина одбрана од нејзиниот адвокат.

Обвинетата пред судот се појавила со гипс на десната рака поради повреда која наводно ја здобила за време на инцидентот.

Во трагичниот настан загинаа Лана (8) и Зејн (5), додека нивната мајка Марија Додс и постариот брат Џејден се борат за живот.

Осомничената жена е во притвор по несреќата и на барање на семејството на жртвите ѝ е одредена кауција од 1,5 милиони долари. Нејзиниот адвокат, Били Коловос, побарал од судијата да ѝ ја намали кауцијата на 100.000 долари поради здравствени проблеми како што е „напад сличен на епилепсија“ што го имала минатиот ноември, пишува Дејли Меил.

Адвокатот исто така тврдел дека испила „само една чаша вино“ четири часа пред несреќата.

"Таа не е чудовиште. Страшно е тоа што се случи, но има некои работи врз кои немаме контрола", рекол адвокатот во одбрана на жената.

Исто така, Били истакнал дека нема историја на несовесно возење или сообраќајни казни. Сепак, извештаите покажуваат дека жената не покажувала знаци на „епилептични“ напади пред несреќата и дека нејзиното ниво на алкохол во крвта било „значително над дозволената граница“.

На суд сведочел тетката на децата, Ракел Смаутерс. Таа рече дека имало забава кога Чајдестер ги убил нејзината внука и внук.

"Тие седеа на масата и јадеа, а оваа жена влезе со својот автомобил во куќата и ни ги уништи животите. Никој никогаш не треба да оди на роденден мислејќи дека ќе умре", рекла тетката Ракел.

Да потсетиме, страшниот настан се случил кога жена поради несовесно возење наводно во алкохолизирана состојба го пробила ѕидот на зградата во која се одржувал детски роденден. Во инцидентот се повредени уште 15 лица, меѓу кои и осум деца.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер