Брнабиќ: Границата меѓу Република Српска и Србија на денот на изборите ја минале 20.368 луѓе

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека во текот на целата предизборна кампања било сосема јасно дека опозицијата од изборната листа „Србија против насилството“ подготвува протести. 

За обвинувањата дека во Белград биле донесени да гласаат луѓе од Република Српска, таа рече дека тој ден границата ја минале вкупно 20.368 лица, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ на ТВ Пинк изјави дека дел од опозицијата се обидува да дојде до власт преку револуција на улица.

Коментирајќи ги обвинувањата на опозицијата за гласањето на граѓаните од Република Српска (околу 40.000 лица и аферата со Арена), Брнабиќ рече дека тие се државјани на Србија.

- Исто како некој кој е државјанин на Србија и живее во Лондон 15, 20 или 25 години, има право да гласа и гласа. И тие се горди на тие гласови, но кога ќе гласа некој од Република Српска кој практично живее таму, тогаш не може, посочи Брнабиќ.

Според неа, на денот на изборите границата меѓу Република Српска и Србија ја минале 20.368 лица.

- Цел тој ден на 17 декември границата ја минале 20.368 лица. И тоа се странци, многумина од нив немаат наше државјанство, а голем дел од нив се деца. Значи разбирате дека сето ова нема врска со реалноста, објасни Брнабиќ.

Брнабиќ посочи дека опозицијата се уште нема поднесено приговор за регуларноста на изборите, ниту до Градската изборна комисија, ниту до Републичката изборна комисија.

- Тие луѓе не знаат што е записник, не знаат дека нивните членови на изборните комисии го потпишуваат записникот само кога се согласни со него, а ако видат неправилности - не ги потпишуваат. Не знаат ниту колку гласови добија (милион, милион и пол, а добија 869.000). И навистина не им е грижа, напиша Брнабиќ на социјалната мрежа Икс.

Според податоците на Републичката изборна комисија, избирачкиот список на СНС „Србија не смее да запре“ освоила 46,46 отсто, односно 1.774.025 гласови, додека листата „Србија против насилството“ добила 23,69 отсто, односно 900.768 гласови.

Бајден: Економскиот раст на Кина, Јапонија, Индија и Русија слабее поради ксенофобијата

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека економиите на Кина, Јапонија, Русија и Индија немаат раст бидејќи тие земји се „ксенофобични кон имигрантите“.

„Зошто Кина заостанува економски толку далеку, зошто Јапонија е во неволја, зошто Русија, зошто Индија, затоа што се ксенофобични. Тие не сакаат имигранти. Имигрантите се тие што не прават силни“, рече Бајден на настанот за собирање средства во Вашингтон за неговата претседателска кампања.

„Една од причините зошто нашата економија расте е поради вас и многу други. Зошто? Затоа што им овозможуваме добредојде на имигрантите“, додаде Бајден. /МИА

Терзиќ: Можевме да победиме со поголема разлика

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е задоволен од победата над ПСЖ синоќа со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, иако смета дека разликата можеше да биде и поголема.

- Ова е заслужена победа, добра тимска игра. Можевме да постигнеме повеќе голови, исто како и тие. Затоа, од моја гледна точка, резултатот не е лош. Многу се движевме, но тоа е неопходно во ваков натпревар. Мора да се стекнеме со право да играме на „Вембли“. За тоа ни треба само реми во реваншот, но секако дека сакаме и да победиме следната недела. Имаме мала предност и добра можност, изјави Терзиќ за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 7 мај во Париз.

Другата полуфинална двојка во елитното фудбалско натпреварување е Реал Мадрид – Баерн Минхен (2:2 прв натпревар). /МИА

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид.

Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев - Јиржи Легечка.

- Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар овде во Мадрид. Колкот ме мачи оваа недела и болката постепено се влошува. Следејќи ги советите на лекарите, решивме дека е подобро да не играме понатаму. Во текот на следните неколку дена ќе спроведам други тестови и ќе ги следам советите на специјалистите за закрепнување. Ви благодарам за поддршката, напиша Синер на социјалните мрежи.

Оваа сезона 22-годишниот Италијанец освои три турнири - Австралија опен, како и турнирите во Ротердам и Мајами. /МИА

притисни ентер