Бугарија и официјално стави вето за почеток на преговори на Македонија со ЕУ

Бугарија како што беше очекувано и официјално стави вето на министерскиот совет во Брисел за почетокот на преговори на Македонија со Европската Унија...

И официјално. Попладнево Бугарија стави вето на преговарачката рамка на Македонија, која и натаму, останува во чекалната на Европската Унија. Блокадата ја формализираше шефицата на бугарската дипломатија Захариева на брифинг во Софија. Предлозите на Скопје не ги одразуваат бугарските барања и не можат да бидат поддржани во сегашната форма, нагласи Захариева, која воедно потенцираше дека Софија дава зелено светло за рамката на Албанија. Порача дека Бугарија е подготвена да ги продолжи разговорите, кога како што рече, дијалогот ќе се водел со желба и компромиси од двете страни.

-Бугарија во оваа фаза не може да ја оддржи преговарачката рамка за Македонија, како и одржување на првата меѓувладина конференција. Настојувавме во преговарачката рамка да се вметнат три основни услови. Придржување кон формулацијата за јазикот од 99-та година, потоа потврдена со Договорот во 2017 година, патоказ за спроведување на Договорот од 2017 година и многу јасен текст дека не да се поддржуваат претензии за македонското малцинство во Бугарија. Овие услови се уште не се вклучени во преговарачката рамка., изјави Екатерина Захариева, министерка за надворешни работи на Бугарија

Захариева ја потврди блокадата додека во Брисел се одржуваше виртуелен состанок на Совет за општи работи, каде што Македонија, и покрај извесното бугарско вето, сепак се најде на дневен ред.

Пред почетокот на министерскиот совет, претседавачот со Советот, германскиот министер за Европа, Михаел Рот, порача дека Македонија ја има поддршката од Берлин, а дека проширувањето не смее да биде заложник на билатералните прашања.

-Во најдобар интерес на Eвропската Унија е обете земји да ги започнат пристапните преговори што е можно поскоро на меѓувладина конференција. Се надевам дека сите колеги и сите земји-членки ќе размислат за овој заеднички интерес и дека ќе бидат подготвени да бидат прагматични и во најдобра смисла на зборот солидарни. Процесот на пристапување не смее да биде заложник на билатералните барања на одредени земји членки., вели Михаел Рот, германски министер за Европа.

Ставот на македонскиот државен врв е дека ќе продожат да преговараат со Бугарија до последен момент, но не ако во разговорите се вклучени и јазикот и идентитетот.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер