Цакај му го честиташе изборот на Османи

Албанскиот овластен министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај му го честиташе изборот за нов шеф на македоснката дипломатија на Бујар Османи, изразувајќи подготвеност за зголемување на динамиката за членство во ЕУ.

Цакај во објава на Фејсбук, напиша дека телефонски разговарал со „првиот албански дипломат на Македонија" и оти со него на чело на дипломатијата ќе се зајакне соработката меѓу двете земји и ќе се забрза динамиката за членство во ЕУ.

-Денеска остварив телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Македонија господинот Бујар Османи. Му посакав неизмерен успех во неговиот историски мандат како прв албански прв дипломат на Македонија. Уште повеќе што како заменик премиер и главен преговарач, тој презеде друга историска одговорност – политичко и дипломатско раководство на преговорите за членство во Европската Унија, напиша Цакај.

Посочува дека „со Бујар на чело на дипломатијата на Македонија, ќе продолжиме да работиме на понатамошно продлабочување на билатералните односи, зајакнување на регионалната соработка и зголемување на политичката динамика за членство во ЕУ"./МИА

Роналдо за шансите за титула на Арсенал: Нема да ја освојат лигата, о Боже

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо разговараше со промоторот Френк Ворен, навивач на Арсенал, пред боксерскиот меч меѓу Тајсон Фјури и Украинецот Александар Усик.

Нивниот разговор е снимен на видео емитувано од Ријад. Ворен му рече на 39-годишниот Португалец: „Сè уште те чекаме во Арсенал“. Роналдо се насмеа и одговори: „Нема да го освојат првенството, о Боже“.

Роналдо претходно играше во Англија за Манчестер јунајтед, со кој три пати ја освои Премиер лигата (2007, 2008 и 2009 година).

По 37 кола, Арсенал се наоѓа на второто место во поредокот, со два бода помалку од лидерот Манчестер сити.

Во последното коло, денес лондонскиот тим ќе игра против Евертон, а Сити против Вест Хем. /МИА

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

притисни ентер