Чаби Алонсо: На Баерн му е потребен играч како Видал

Фудбалерот на Баерн Минхен Чаби Алонсо денеска изјави дека Артуро Видал може да биде големо засилување за Баварците и му порача на Чилеанецот дека е добредојден на „Алијанц Арена“.

Во клубот токму на играчот на Јувентус се глада како на идеална замена за Бастијан Швајнштајгер кој го напушти Баерн по 17 години и замина за Манчестер Јунајтед.

- Видал е голем играч кој совршено би се вклопил во Баерн. Тој покажа дека е вистински шампион и со Јувентус и со Чиле. Игра на повеќе позиции и веќе има искуство во Бундеслигата, што е многу пожелно. Ако сака да биде опкружен со најдобрите играчи го чекаме со раширени раце, изјави Алонсо на денешната прес-конференција.

Видал професионална кариера ја почна во Коло Коло, а пред Јувентус има играно во Баер Леверкузен. /МИА

Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР

Во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

- На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.

Ирска ќе ја признае палестинската државност до крајот на маj, тврди шефот на дипломатијата

Ирска сигурно ќе ја признае палестинската државност до крајот на маj, тврди шефот на дипломатијата.

Ирска сигурно ќе ја признае палестинската државност до крајот на мај, изјави денеска министерот за надворешни работи на земјата, Мајкл Мартин, без да прецизира датум.

„Ќе ја признаеме државата Палестина пред крајот на месецот“, изјави Мартин, кој е и вицепремиер на Ирска, за радио станицата „Њузток“.

Говорејќи денеска тој рече: „Ќе ја признаеме државата Палестина пред крајот на месецот. Конкретниот датум е сè уште флуиден бидејќи сè уште сме во разговори со некои земји во однос на заедничкото признавање на палестинската држава“.

„Ќе стане јасно во следните неколку дена за конкретниот датум, но тоа секако ќе биде пред крајот на овој месец и со нетрпение ќе ги очекувам денешните консултации со некои министри за надворешни работи во однос на конечните конкретни детали за тоа“, додаде Мартин.

Командантот на КФОР: Безбедносната ситуација на Косово е стабилна, но кревка

 Командантот на КФОР, турскиот генерал-мајор Озкан Улуташ изјави дека безбедносната ситуација на Косово е стабилна, но кревка и дека 4.600 војници во КФОР, кои доаѓаат од 28 земји партнери и членки на НАТО.

Командантот на КФОР, турскиот генерал-мајор Озкан Улуташ изјави дека безбедносната ситуација на Косово е стабилна, но кревка и дека 4.600 војници во КФОР, кои доаѓаат од 28 земји партнери и членки на НАТО, се подготвени да одговорат на секој предизвик.

Тој не го коментираше барањето на премиерот Албин Курти за дополнителни војници пред неколку месеци за албанската телевизија A2CNN, но рече дека во зависност од ситуацијата, може да го преиспита распоредувањето на дополнителни војници.

„НАТО постојано ја ревидира својата позиција и останува подготвен да ја прилагоди на потребите. Со зголемување од 1.000 војници, НАТО распореди дополнителни резервни сили на Косово по насилството што се случи минатата година. За да се спречи каков било ризик од ескалација или реескалација на насилство, ние сме подготвени да одговориме на потенцијалните предизвици, доколку е потребно, можеме да ја прилагодиме нашата позиција во согласност со нашиот мандат на ОН“, рече командантот на КФОР.

Во врска со предупредувањето на одредени странски разузнавачки служби за пораст на тензиите на северот на Косово, командантот на КФОР изрази уверување дека тие се подготвени да одговорат на секој предизвик, пренесе Бета.

притисни ентер