Червар: Вардар е наш противник, но не и непријател

Многу пофални зборови упати тренерот на Металург Лино Червар на денешната прес - конференција за најголемиот ривал во македонскиот ракомет, тимот на Вардар за кого рече дека е голем спортски ривал ама не и непријател.

Овие два клуба в четврток за првпат ќе одиграат натпревар во Лигата на шампионите.

- Градот Скопје в четврток ќе биде ракометен центар на Европа. Тука ќе се одигра вистинско дерби во Лигата на шампионите. Атмосферата се подига на ниво, но некои сакаат да создадат тензија како да се работи за непријателска пресметка. Ние од Металург, како домаќини на овој дуел, Вардар го очекуваме како голем спортски ривал, а не како непријател, изјави хрватскиот стручњак и додаде дека ја почитува целта на Вардар да создаде мега - клуб.

Червар упати признание и на противничките навивачи за кои рече дека знаат да направат одлична атмосфера и ги повика на дербито тоа да го докажат преку спортско навивање.

Предводникот на Металург ги потенцира проблемите со повредените играчи, но како што рече, тоа не смее да биде алиби за евентуален неуспех.

- Верувам дека со поддршката на нашите навивачи кои иако се помалубројни од вардаровите, тие се лојални на клубот и нивното срце чука за нашиот клуб, може да се дојде до позитивен резултат. Играчите сите недостатоци ќе мора да ги надополнат со голема борба, уште поголема тактичка дисциплина, со пожртвуваност за секоја топка, рече Червар.

Од свое име и од името на сите играчи на Металург левото крило Дејан Манасков вети голема борба, и како што рече, подготвени се да го остават срцето на терен, а на крајот да победи подобриот.

По четири одиграни кола во елитното натпреварување Металург е втор на табелата во Ц групата со три победи и еден пораз, додека Вардар е трет со една победа, две нерешени и една загубена средба.

Натпреварот Металург - Вардар ќе се одигра в четврток со почеток во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. /МИА/

Променливо облачно, попладне и вечер на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.

-До петок ќе се задржи променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

Од четврток дневната температура ќе биде во опаѓање, а во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Македонија гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори

Гласачките места се отвораат во точно седум часот, и ќе се гласа до 19 часот.

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.. Вчера гласаа затворениците, болните и изнемоштени лица, како и 2569 лица од дијаспората но само за претседател, но не и за пратеници, поради недоволен број на пријавени..

На едно избирачко место во општина карпош е нашиот репортер Игор Манасиевски.. Игор дали навреме почна гласањето ?

МВР: Од 8 до 19 часот денеска може да се подигнат лични документи

Од 8 до 19 часот денеска ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

- Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

притисни ентер