Четири симптоми за рак на грлото на матката

 Еден се јавува за време на односот, а ако потрае 2-3 недели веднаш јавете се на лекар!

Инфекцијата со ХПВ (Хуман папилома вирус) стана многу честа појава во 21-от век, така што повеќето сексуално активни луѓе во одреден момент може да се заразат со овој вирус. Поради анатомијата на женскиот полов орган, припадничките на понежниот пол се посклони кон инфекцијата бидејќи овој вирус се размножува во влажна и топла средина. Станува збор за сексуално пренослива вирусна инфекција која успешно се лечи доколку сте доволно совесни и одите на редовни контроли за да не дојде до поголеми компликации. Во најлош случај, може да се развие рак на грлото на матката.

Неделата за подигање на свеста за цервикалниот скрининг е посветена на истакнување на важноста од редовниот скрининг на грлото на матката. Скринингот на грлото на матката ги идентификува абнормалните промени во клетките на грлото на матката, вклучувајќи го и присуството на високоризичниот хуман папиломавирус (ХПВ), главната причина за рак на грлото на матката. Овие промени често не предизвикуваат никакви симптоми, така што редовниот скрининг помага да се откријат симптомите на болеста пред таа да се развие во рак.

Што е важно да знаете пред тестот?

- тестот не е наменет за откривање на рак, туку промени кои потенцијално би можеле да доведат до рак

- ако сте анксиозни, разгледајте ја можноста претходно да се видите со вашиот лекар за да му поставите прашања и да си олесните

- Закажувањето термин околу една недела по менструацијата често ја намалува непријатноста за време на прегледот

За прегледот

- цервикалниот скрининг не би требало да биде болен, но земањето лекови против болки како парацетамол или ибупрофен еден час пред прегледот може да помогне

- можете да ја разгледате можноста да доведете некого со вас кој ќе ви биде поддршка за време на прегледот

- ако сакате, побарајте да ја видите опремата што ќе се користи за прегледот за да знаете што да очекувате.

- можете да побарате употреба на помал спекулум, а ако чувствувате преголема непријатност за време на прегледот, можете да побарате да се промени

- неопходно е да бидете отворени кон вашиот лекар и да кажете ако поради нешто чувствувате непријатност

Менопауза:

Жените во перименопауза и постменопауза може да доживеат поголема непријатност за време на цервикалниот скрининг поради хормоналните промени. Разговарот за да земате терапија со вагинален естроген пред прегледот може да биде од помош.

Историја на сексуална траума:

Ако сте претрпеле сексуална траума во минатото, одењето на скрининг на грлото на матката може да биде потешко, па затоа треба да се подготвите. Може да ви биде од помош ако прегледот го изврши лице кое е запознаено со вашата анамнеза. Не двоумете се да побарате пауза ако ви стане премногу тешко.

Симптоми на рак на грлото на матката

- Промена во нормалното вагинално крварење, како што е крварење помеѓу циклусите, после односи или крварење по завршување на менструацијата (се однесува на периодот по менопаузата).

- Промени во нормалниот вагинален исцедок, како што се промена во дебелината, бојата, мирисот или појавата на крв.

- Болка за време на сексуалниот однос која не се намалува дури ни по користењето на лубрикант. За тоа треба да разговарате со вашиот лекар.

- Други болки, како што се болки во долниот дел на грбот или карлицата кои не исчезнуваат брзо (траат 2-3 недели), особено ако не постои очигледна причина за тоа и тоа влијае на вашите нормални секојдневни активности.

Овие симптоми не мора да значат дека имате рак на грлото на матката, но важно е да направите контрола кај вашиот лекар бидејќи тие можат да укажуваат и на други проблеми.

Доменикали: Имавме 11 апликации за нови Гран при, но 24 трки по сезона е граница

 Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали зборуваше за интересот на многу земји да бидат домаќини на трка од шампионатот, но отфрли можност за повеќе од 24  Гран при во една сезона.

- Имавме 11 навистина сериозни апликации, во контекст на кои може да се зборува за можна организација на Гран при во иднина. Сериозен сум, има многу барања. И тука задачата да го направиме вистинскиот избор зависи од нас. Во исто време, бројот на Гран при во сезоната ќе остане на 24 етапи. На крајот на краиштата, не треба да заборавиме дека пред само неколку години имаше 17-18 етапи. Веќе направивме голем чекор напред додавајќи толку многу нови трки за толку кратко време. Ова беше диктирано од барањата на пазарот. Но, 24 Гран При по сезона е граница, истакна Доменикали.

Во светло на разговорите за можната организација на ГН на Чикаго во иднина, Доменикали рече дека Формула 1 дефинитивно не планира да го зголемува бројот на етапи по сезона што ќе се одржуваат во Северна и Јужна Америка.

- Тоа би било погрешно. Отидовме од една трка во Остин на три настани во САД...а потоа имаме трки во Монтреал, во Мексико Сити, во Бразил. Значи веќе има доволно такви фази во календарот. Искрено, не би очекувал дополнително зголемување на бројот на етапи во овој регион, додаде Доменикали.

Сезонава трките во Формула 1 почнаа во март, а ќе завршат во декември. /МИА

Србија се подготвува да ја одбележи годишнината од пукањето во училиштетo

Нинела Радичевиќ се уште не може да разбере дека нејзината ќерка никогаш нема да се врати.

Минатата година, 11-годишната Ана Бојовиќ штотуку пристигнала во своето училиште во центарот на Белград, кога друг ученик, тогаш 13, влегол внатре и отворил оган кон секој што ќе му застане на патот.

Бојовиќ, уште две девојчиња и училишниот чувар биле убиени на лице место во ходникот. Тинејџерот стрелец потоа влегол во блиската училница и го вперил оружјето кон учениците и наставничката внатре.

Убиени се вкупно 10 лица. Утрото на 3 мај 2023 година во училиштето загинаа осум деца и училишен чувар, а седум лица беа повредени. Еден од повредените, дете, подоцна почина од повредите.

Пукањето ја погоди Србија. На балканската земја не и е непознат насилниот криминал, но масовните пукања се ретки и вакво нешто не се случило во училиште претходно.

Уште поголем шок следеше само еден ден подоцна, кога 20-годишен маж почна неселективно да пука во близина на главниот град. Уби девет и рани 12 лица, главно млади луѓе.

За Радичевиќ времето застанува истото утро кога го губи своето девојче. Таа смета дека цела држава требало да застане по вакво незамисливо злосторство. Наместо тоа, таа изјави за Асошиетед прес - „сите брзо забораваат“.

Очи насолзени од тага, Радичевиќ зборуваше за АП во семејната куќа во Белград. На фтографиите до неа можете да видите девојка со крупни очи и долга кафена коса, која сакала спорт и танцување, а над креветот ги чувала медалите од натпреварувањето.

„Пребрзо ги забораваме трагичните настани“, вели Радичевиќ. „Оваа навика да се брише се и под тепих да се става - мора да престане.

Луѓето, вели таа, „треба да го препознаат значењето и трагедијата на тој момент“.

Собата на Бојовиќ во станот останува недопрена - на ѕидот виси светската мапа, а на креветот се поставени нејзините плишани играчки. Огромен фото-постер во рамка на кој таа стои со главата надолу во џудо опрема ја исполнува просторијата. Бирото е исто како што таа го оставила, а на ѕидот се закачени цртежи и пораки од хартија.

Радичевиќ, 49-годишен клинички истражувач, ги предводи напорите за зачувување на споменот на сите деца убиени во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и во двете села во близина на главниот град, за да не се повтори ништо слично.

Сè што правиме ние (родителите) е да се бориме да не се заборави 3 мај, да и дадеме некакво значење на жртвата на нашите деца“, рече Радичевиќ, која има и 17-годишен син. „Тие се жртвите. Но жртви на што?

Многумина во Србија го поставуваат истото прашање пред мрачната годишнина в петок, која ќе биде одбележана со еднодневна комеморација надвор од училиштето, вклучувајќи уметнички инсталации, дискусии со експерти и видеа за жртвите.

Програмата е наречена „Будење“ - очигледен повик за самоевалуација и интроспекција во земја која допрва треба да се помири со својата улога во бројните војни од 1990-тите и културата на насилство што преовладува оттогаш.

Во подготовките активно биле вклучени родителите на убиените деца. Тие се борат да го затворат училиштето и да го претворат во меморијален центар, организираат протести и меморијални настани и сведочат за нивните искуства за подигање на свеста.

„Фактот што децата се вратија во истото училиште само една недела подоцна, исто така во среда, на истите часови, покажува дека државата сакала брзо да создаде чувство на нормалност“, вели Радичевиќ.

„Она што требаше да се случи е дека Србија требаше да го запре овој 3 мај без оглед на државната поддршка“, инсистираше таа. „Моравме да застанеме, да размислиме, да разбереме што згрешивме, да кажеме ок, направивме грешки, да ги прифатиме и да видиме како ќе продолжиме од утре, како ќе се подобри ова општество.

Популистичката влада на Србија започна кампања против оружјето, собирајќи околу 80.000 оружје и муниција. Тимовите за поддршка поддржани од државата нудат советување, а полицајци се стационирани надвор од училиштата во Србија.

Двајцата напаѓачи се приведени. На родителите на тинејџерот им се суди обвинети се дека го научиле нивниот малолетен син да пука и дека не ги обезбедиле доволно пиштолите во семејната куќа.

Судењето на селскиот стрелец и неговиот татко треба да започне во мај во централниот град Смедерево, повеќе од една година откако злосторствата во Мало Орашје и Дубона ги оставија двете села парализирани од жалост и тага.

Шокот и гневот поради пукотниците минатата година предизвикаа повеќемесечни улични протести со барање за оставка на високи функционери и забрана на главните медиуми да шират говор на омраза и нетрпеливост. Една година подоцна, критичарите велат дека не се променило многу.

Сепак, професорот по психологија Драган Попадиќ смета дека тоа не е така. Според него, траумата создала чувство на страв и несигурност што не постоело во минатото и поттикнало активизам. Но, луѓето не се подготвени за порадикално разбирање, додава Попадиќ.

„Овие случаи на насилство се само врвови на еден организам роден во 1990-тите и минатиот век и кој порасна и зајакна“, рече тој. „Се додека не се справиме со самиот организам... нема да можеме да ја разбереме ситуацијата во која се наоѓаме“.

Радичевиќ рече дека Србија ја пропуштила „последната шанса за катарза“. Повеќето луѓе едноставно добија олеснување дека „тоа не е мое дете“ и продолжија понатаму, рече таа.

„Една недела подоцна, други деца отидоа да видат каде се случило (пукањето)“, рече таа. „Жал ми е, но мислам дека ова не е нормално. /МИА

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

притисни ентер