Четиригодишно дете од Русија преживеало четири дена само во шума

Четиригодишниот Дима Песков од Русија е пронајден жив откако четири дена минал сам во шума.



Две илјади луѓе трагале по малиот Дима, откако тој се загубил за време на кампувањето со родителите надвор од Екатеринбург.

-Кога го пронајдовме премрзнат, мокар и гладен. По телото имаше многу убоди од комарци. Кога малку се смири , ни раскажа дека јадел трева и пиел вода од мочуриштето, изјави припадникот на специјалната полиција Павел Карпенко кој го пронашол малиот Дима.

Исчезнувањето на четиригодишниот Дима била национална драма во претходните четири дена во Русија.
Малиот Дима инаку се загубил кога со неговиот татко заминал на кампирање во една шума. Таткото Андреј и малиот Дима отишле да цепат дрва , но на четиригодишното дете брзо му станало досадно и татко му го пратил назад кај мајка му која била оддалечена само 50 метри од нив.
-Бев неверојатно глуп. Но, никогаш не помислив дека Дима може да залута, изјави таткото Андреј.

Родителите инаку веднаш го пријавиле исчезнувањето на малиот Дима по што започнала потрагата.
Волонтерите кои учествувале во потерата утре дента ги лоцирале неговите траги од стапалото во близина на кампот. Потрагата со дрон не давала резултат.
Шансите за пронаоѓање на малиот Дима се намалувале од ден на ден , посебно кога во шумата била забележана и мечка.

Но детето за среќа е пронајдено како лежи во една дупка под паднато дрво, откако во потерата учествувале околу 2000 луѓе.

Малиот Дима е пронајден 7 километри од местото каде исчезна, по што е пренесен во болница каде се рехабилитира од повредите и стресот.

Форд запали по 74 години на отпад (ВИДЕО)

Овој Ford Model T запали по 74 години. Може да биде и светски рекорд.

Автомобилот бил во очајна состојба бидејќи никој не го одржувал со години. Корозија го зафатила.

Екипажот во Jennings Motorsports го поправи и тој проработи.

Пред палењето ја снимиле целата процедура за поправка, која не била комплицирана. Сепак, на крајот од ова видео тие не можеле да го возат бидејќи автомобилот се уште имал бројни проблеми.


Бекам се пофали со ново хоби, фановите воодушевени: И кокошките ти се убави (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали со своето ново хоби на Инстаграм и ги насмеа обожавателите.

Поранешниот фудбалер поставил кокошарник на својот имот вреден 7 милиони евра, каде живее со сопругата Викторија.

„Добро утро“, напиша тој заедно со видеото на кое се шета низ градината со кокошки и петел што го следат, што ги насмеа фановите.

Видеото собра дури 3,1 милион лајкови и бројни коментари.

„Дури и твоите кокошки изгледаат добро“, напишал еден фан, а многу фанови се согласија.

Инаку, Дејвид и Викторија почнаа да се занимаваат со органско земјоделство за време на пандемијата, а освен кокошки имаат и овци и произведуваат мед.

Богатството на кралот Чарлс III е зголемено за 10 милиони фунти, но премиерот Сунак е побогат

Личното богатство на британскиот крал Чарлс Трети се зголемило за десет милиони и сега изнесува вкупно 610 милиони фунти.

Како што објави „Дејлимејл“, кралот Чарлс Трети сега е побогат од неговата мајка кралицата Елизабета Втора, чиј личен имот бил проценет на 370 милиони евра.

Кралот, кој ја презеде функцијата пред неполни две години, моментално се наоѓа на 258. место на листата на најбогати луѓе во Велика Британија. Минатата година Чарлс III беше на 263-то место на оваа листа. Британскиот монарх го зголемил своето богатство благодарение на растот на вредноста на недвижниот имот што го поседува, а претходно ѝ припаѓаше на кралицата Елизабета Втора.

Списокот на имоти на кралот Чарлс III ги вклучува само неговите лични имоти, а не и оние што ги поседува кралското семејство. Потсетуваме дека британската кралица Елизабета Втора почина на 8 септември 2022 година.

Таа на тронот помина 70 години и 214 дена. Таа е вториот монарх во светот со најдолго владеење во историјата по францускиот владетел Луј XIV, кој на тронот поминал 72 години и 110 дена.

Интересно е што кралот Чарлс не е најбогат меѓу јавните личности, односно оние кои се занимаваат со државни работи. Британскиот премиер Риши Сунак и неговата сопруга Акшата Мути заработија нови 120 милиони фунти во последната година. Вредноста на нивното богатство се проценува на 651 милион фунти.

притисни ентер