Од вработените побарале да го отворат сефот заканувајќи им се со оружјето и откако ги земале парите заминале. Експозитурата е сместена во ТЦ Сарај а грабежот се случил нешто пред 11 часот, влегле преку главниот влез на трговскиот во време кога има голема раздвиженост во трговскиот. Потоа со џип со странски регистарски таблички избегале. Ова е втор грабеж на експозитура на оваа банка во период од три месеци.
Попладнево од НЛБ потврдија дека се украдени околу 115 илјади евра и дека нема повредени.
,,Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Во грабежот се украдени околу 115 илјади евра, а со цел побрзо откривање на деталите и разрешување на случајот, НЛБ Банка е во интензивна соработка со надлежните органи.
Полицијата изврши увид на местото. Дел од граѓаните кои го посетуваа трговскиот каде што се наоѓа експозитурата велат дека не слушнале за грабежот. За некои е чудно тоа што се случило, за некои пак не.
Сличен грабеж се случи и во април годинава кога беше ограбена филијала на НЛБ Банка во Чаир. Но убедливо најголем грабеж е оној од 2017та кога вработен во НЛБ Банка од трезорот на централата на банката украде 2 милиони швајцарски франци и скоро 300 илјади евра.