Четврта изложба на уметници од Преспа

Во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен денеска беше отворена четвртата изложба на уметници од Преспа, со која беше означен почетокот на годинашниот „Преспански јаболкобер“.



- Во делата на 28 уметници од различни генерации и со различни стилови на сликање посетителите можат да препознаат многу од колоритите на Преспа и да уживаат во прекрасните анализи на карактерите на преспанските жители доловени со четката на нивните сограѓани. Меѓу најпознатите автори претставени на изложбата е и митрополитот европски, отец Пимен, соопшти организаторот.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски, кој им се заблагодари на авторите и за разубавувањето на годинашниот Јаболкобер и за трајното збогатување на ресенската културна ризница, со подарувањето на делата на Домот на културата „Драги Тозија“.

Фото: Сопругата на Канје Вест повторно гола на улица

Контроверзната сопруга на познатиот рапер и продуцент Канје Вест, Бјанка среде бел ден е уловена како се шета по улица речиси гола.

Многумина се прашуваат - „Што е со неа?!“

Избраничката на Канје Вест, Бјанка Ценсори повторно ги остави без зборови сите со аутфитот во кој прошета по улиците на Италија.

Бјанка Ценсори речиси секојдневно ја шокира јавноста со модни избори кои многумина ги карактеризираат како „модни катастрофи“.

Досега ги видовме нејзините голи гради, задник во без гаќички, искинати чорапи и танга наместо долна облека...

Канје и Бјанка во моментов се во Италија во градот Прато каде се наоѓа производството на облека за брендот на Канје „Yeezy“. Откако ги остави сите без зборови кога се појави на улица со перница, таа сега е уловена на прошетка во нешто што повеќе личи на чаршаф отколку на парче облека.

Таа беше фотографирана од папараците среде бел ден додека одеше на состанок со пријателите и колегите во друштво на нејзиниот сопруг Канје Вест. Бјанка продефилираше низ улиците во бело боди кое не покрива речиси ништо освен горниот дел од торзото и интимната зона. Гледано од профилот, таа беше целосно гола и не носеше ниту гаќички ниту градник, а еден погрешен чекор во ова парче би довел до „катастрофа“.

Видео-фото: Деколтето на Хајди Клум

Една од најпознатите манекенки на светот, атрактивната Хајди Клум го прослави својот 51 роденден.

Иако легендарната убавица влезе во шестата деценија од животот, на нејзиниот изглед и позавидуваат многу помлади девојки.

Поради нејзината совршена фигура и бујните гради, таа отсекогаш била секс бомба, а за неа навистина важи изреката дека староста е како виното.

Родена е во малиот германски град Бергиш Гладбах. Нејзиниот татко бил директор на козметичка компанија, а мајка и била фризерка.

Нејзината кариера започнала речиси случајно, кога се пријавила на натпревар за моделирање на ТВ-шоуто „Gottschalk Late Night“.На крајот на шоуто тогаш младата Хајди потпишала договор со германската агенција за модели Метрополитен.

По двата неуспешни брака и многуте романси сега 51 годишната манекенка се смири крај 17 години помладиот Том Каулиќ со кој е во брак веќе пет години.

Сити пронајде замена за Едерсон

По седум години поминати во Манчестер Сити, голманот на тимот Едерсон најверојатно ќе си замине од „Етихад“, а „граѓаните“ веќе пронашле негова замена.

Бразилецот е еден од најважните играчи на Манчестер Сити во последните години и е одговорен за многу трофеи на Сити. Како што пренесуваат некои медиуми, дошло до заситеност и Едерсон размислува за потенцијален трансфер во друг клуб.

Дека Манчестер Сити е сериозен клуб говори и тоа што веќе нашле потенцијална замена доколку се случи Едерсон да го напушти клубот. Резервна опција најдоа во Милан, односно голманот Мајк Мањан. Францускиот репрезентативец имаше одлична сезона и со години е еден од најталентираните голмани.

Мањан кариерата ја започна во ПСЖ, па се пресели во Лил, а пред три години го облече дресот на Милан.

притисни ентер