Чулев:Полициските службеници ќе патролираат со обележани полициски возила со звучни и светлосни команди за предупредување на граѓаните

​Како што веќе знаете, на седница што ја одржа вчера Владата донесе одлука, почнувајќи од денеска, да се ограничи движењето на граѓаните.

Одлуката е донесена на предлог на Комисија за заразни болести во Министерството за здравство.

Верувам дека скоро сите добро сте запознаени што значи тоа, но не е на одмет уште еднаш да потсетам дека со оваа одлука се забранува движење на граѓаните од 21.00 часот навечер до 06.00 часот следното утро. Тоа ќе важи секојдневно се до донесување на друга одлука на Владата. Ваквата одлука на Владата е пред се донесена за заштита на животот и здравјето на граѓаните, а потоа и за спречување на понатамошно ширење на Корона вирусот.

Од оваа забрана се исклучуваат само лица кои имаат потреба од итна медицинска помош, живото-загрозувачка состојба и лица кои имаат потреба од дијализа, исклучиво во присуство од најмногу 2 лица. Доколку вакво возило биде запрено од полициски службеници, дополнително ќе се провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравствената институција. Со оваа одлука се ограничува и бројот на дежурни аптеки и надлежните инстотуции на назначат аптеки кои ќе дежураат во рестриктивниот период. Такси компаниите се задолжуваат да воведат дежурства со ограничен број возила, а индустриските капацитети се задолжуваат своето работно време да го прилагодат согласно забраната за движење.

Уште еднаш сакам да потенцирам дека овие одлуки се донесени со цел заштита на животот и здравјето на граѓаните на нашата земја и поради тоа што мерките што беа претходно донесени не беа во целост почитувани од одреден број граѓани. Затоа беше нужно од воведување на овие порестриктивни мерки.

Ги повикувам граѓаните да ги извршуваат своите обврски согласно дадените препораки, согласно упатствата на медицинските лица и секојпат кога излегуваат да користат заштитни маски и ракавици и да избегнуваат блиски контакти со други лица.

Воедно ги информирам граѓаните дека Координативниот штаб на владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Министерството за информатичко општество и Министерството за транспорт и врски во координација со економските ресори да изготват листа на субјекти кои поради спефицичноста на извршување на дејноста која е неопходна за нормално функционирање на секојдневниот живот ќе им биде дозволено движење. За таа цел пред малку заврши работниот состанок на кој утврдивме дека исклучоците од ограничувањето на движењето ќе важи за вработените во армијата и полицијата, потоа за одредена група вработени во здравството, контролата на летање во МНАВ, Основното јавно обвинителство, дистрибутерите на стока и храна, вработените во обезбедување и вработените во телевизиските куќи. Секако, доколку постои потреба од итност листата на субјекти чии вработени исклучени од наредбата може да се надополни, по претходна согласност од страна на МИОА.

Дозволата за движење во наведениот период ќе ја издава Министерството за информатичко општество и администрација во пишана и електронска форма и чија веродостојно ќе се потврдува преку баркод. Напоменувам дека оваа потврда е задолжителна и за останатите категории кои беа опфатени со одлуката на владата, а кои се дел од исклучокот за ограничување на движењето, односно интервентните екипи во ЕВН, телекомуникациските оператори, Водовод и јавните комунални претпријатија. Очекувам овој систем за издавање на електронски и печатени дозволи да профункционира најдоцна во текот на утрешниот ден.

Пред малку остварив работна средба со сите началници на Секторите за внатрешни работи, а во однос на мерките и активностите кои ги презема Министерството за внатрешни работи, ја информирам јавноста дека полициските службеници контролата на ограничувањето на движењето на граѓаните ќе ја спроведуваат преку патролно обезбедување и преку поставување на пунктови на одредени локации на територијата на целата држава.

Полициските службеници ќе патролираат со обележани полициски возила со звучни и светлосни команди за предупредување на граѓаните.

Во спроведување на контролите активно ќе бидат вклучен униформираниот и оперативниот, односно цивилниот дел на полицијата кој има полициски овластувања.

Лицата кои ќе ја прекршат одлуката на владата на ограничување на движењето ќе бидат спроведени во полициска станица и кон истате ќе се поднесат соодветни пријави.

На крајот апелирам до граѓаните да ја почитуваат одлуката на Владата, а до полициските службеници апелирам со максимална посветеност да придонесат за спроведување на одлуката, истовремено водејќи сметка за сопственото здравје.

Во интерес на зачување на здравјето и животот на граѓаните во изминатиот период во рамки на сите тела на владата барав построго ограничување на движењето на граѓаните, а и понатаму ќе инстирам одлуките кои ќе се носат да бидат во таа насока.

Почитувани граѓани,

Доколку се придржувате на препораките на стручните медицински лица, доколку ги следите упатствата на надлежните и ја почитувате одлуката за ограничување на движењето си помагате сами на себе, а и на инситутциите во спречување на ширењето на вирусот „Ковид 19". Верувам дека никој од нас не сака сликите од европските земји, а кои се поврзани со Корона вирусот, да ги гледаме, тука и во нашата држава. Само сплотени, единствени и одговорни можеме да успееме.

Останете дома,

Спасете живот.

МВР- Министер за внатрешни работи Наќе Чулев

По четири децении светлоста на денот ќе ја види заборавен докуметарен филм за „Битлси“ (ВИДЕО)

Заборавениот документарен филм за Битлси „Let It Be“, кој го носи името на големиот хит на групата, повторно ќе ја види светлината на денот, по реставрацијата, на 8 мај на платформата „Дизни плус“.

Инаку, документарниот филм „Let It Be“ првично бил објавен во 1970 година. Бил недостапен четири децении. Последното издание било на VHS во осумдесеттите години на минатиот век.

Според извештаите, зад новата верзија на документарецот стои Питер Џексон, кој претходно работеше на уште еден документарец на Битлси „Get Back“.

„Let It Be“ е многу различен од биографиите контролирани од уметникот што вообичаено ги гледаме денес. Битлси беа длабоко незадоволни од тоа како изгледаа на екранот во тоа време, што делумно објаснува зошто филмот толку долго беше недостапен.

Сепак, „Нека биде“ денес може да се смета за класика, некои го пофалија, некои го критикуваа. Она што е сигурно е дека станува збор за документарец кој на Битлси првенствено гледа како на музичари.

„Let It Be“ пренесува не само голема енергија, туку и дел од свечената мистерија што ја придружуваше милениумската соработка на Битлси, пишува Techradar.com.

НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции

Северноатлантскиот совет (НАК) денеска изрази солидарност со Германија по злонамерната кибер кампања против Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и со Чешка, која се соочува со злонамерни кибер активности против нејзините институции.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во соопштението на НАК се наведува дека одговорноста за овие злонамерни кибер активности, Германија и Чешка му ја припишаа на актерот АПТ28, кој е спонзориран од Русија, а пред се од руската воена разузнавачка служба - Главната дирекција на Генералштабот на руските Вооружени сили (ГРУ).

НАК додава дека со загриженост забележува дека истиот актер упатува закани насочени и кон други национални владини ентитети, оператори со критична инфраструктура и други ентитети низ Алијансата, вклучително и во Литванија, Полска, Словачка и Шведска.

- Силно ги осудуваме злонамерните кибер активности насочени кон поткопување на нашите демократски институции, националната безбедност и слободното општество. Злонамерните кибер активности насочени против Германија и Чешка потврдуваат дека кибер просторот е под ризик во секое време. Актерите на кибер заканата упорно се обидуваат да ја дестабилизираат Алијансата, се наведува во соопштението на Северноатлантскиот совет.

Во реакцијата натаму се посочува дека НАТО останува посветени на спротивставување на суштинската, континуираната и зголемена кибер закана, вклучително и кон демократските системи и критична инфраструктура на неговите членки.

- Ние сме решени да ги искористиме потребните потенцијали со цел да го одвратиме, да се одбраниме и да се спротивставиме на целиот спектар на кибер закани со меѓусебна поддршка, вклучително и со разгледување на координирани одговори. Промовираме слободен, отворен, мирен и безбеден кибер простор. Ги повикуваме сите земји, вклучително и Русија, да ги почитуваат своите меѓународни обврски и меѓународното право и да дејствуваат во рамката на одговорно однесување на една држава во кибер просторот, како што е потврдено од сите членки на Обединетите нации, се додава во соопштението на НАК.

Студениот бран не предизвика штети во земјоделието, дождот добредојден за пролетната сеидба

Студениот бран кој не зафати изминатиов период не предизвика оштетувања во земјоделството. 

Студениот бран кој не зафати изминатиов период не предизвика сериозни оштетувања во земјоделството иако падот од 10 до 15 степени предизвика негативни состојби кај растенијата. Падот на температурите сепак не беше драстичен и под нулата заради тоа што беше проследен со доста облачнсот и не предизвика мрзнење туку можни се само мали проредување кај одредени овошни видови. Спроед агро метролозите земјоделците полека се навикнуваат на климатските промени и сите негативни последици.

Засега врнежиет кои ги имаме како последица на овој бран се исклучително добре дојдени. Со овие врнежи кои дојдоа по сушниот период се создадоа идеални услови за пролетната сеидба а се во последен момент и за есенските посеви за да имаат добар принос.

Можноста за појава на доцни пролетни мразеви полека одминува речиси за сите земјдоелски региони според податоците за апсолутна појава на доцни пролетни мразеви.

притисни ентер