Црномуреста богата сопруга на канадски Тајкун прави се да биде бела - зошто?

Поранешниот модел Ирене Мејџор е сопруга на канадскиот нафтен тајкун Сем Малин. Парите со кои располага во голема мерка ги троши да ја направи темната боја на својата кожа светла. Успеала во тоа. Но зошто?

Мејџор користи екстра скапи креми за обелување на кожата и дерматолошки услуги со кои го постигнала овој резултат.




Таа признава дека кога нејзината кожа е бела, се чувствува поубава!

Дали ова е прифаќање на расистичките сфаќања против кои луѓето со темна боја на кожата толку долго се борат?

Ирене (34), која е родена во Камерун, вели: Има многу различни нијанси на боја на кожата кај луѓето од Африка - од многу темни до многу светло чоколадни. Јас растев со сознанието дека побелите меѓу нас се поубави. Тоа едноставно е факт!

Нејзината 27 годишна сестра Елса се согласува.

- Ако некој има посветла боја на кожата тоа значи дека е на повисоко општествено скалило. Сите црни успешни и богати мажи од Африка или се женат со бели жени или со црномурести жени со многу светла нијанса на кожата. И тие растеле мислејќи дека посветлата боја значи поубава жена. Не е важно колку е црн мажот се разбира - притисокот е само на жените - вели Елса.

Таа вели дека сите ги користат кремите за белење на лицето.

- Само погледнете ги поп ѕвездите, како минува времето тие се со се посветла нијанса на кожата - вели таа.

- На крајот од краиштата тоа е мој избор. Јас никогаш не би осудила ни една бела жена која користи производи за потемнување на кожата - додава Елса.

Но постои една опасност - често се користат и креми со сомнителен состав кој е многу штетен по здравјето - со додадена жива, киселина или друг вид на штетно белило./ извор: Дејли меил

(Ново) ДИК: Силјановска Давкова 235.552, Пендаровски 111.703

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 51.60% од избирачките места, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 63,42% од гласовите или 235.552 гласови. Стево Пендаровски освоил 111.703 гласови или 30,07%.

Хаос на улиците на Париз: Се судрија навивачите на Борусија и ПСЖ, летаат факели (ВИДЕО)

Улиците на Париз синоќа не беа безбедно место поради судир на навивачи на Борусија Дортмунд, со навивачите на Пари Сен Жермен.

Екипите го одиграа својот натпревар синоќа, а екипата на Борусија се пласираше во финалето на Лигата на шампионите со победа од 1:0, односно вкупни 2:0.

По ова следеа нереди на улиците, каде се судрија навивачи на едната и на другата страна.

На видеото подолу можете да видите како од двете страни летаат факели, огномети, прскалки и топовски истрели.

притисни ентер