Црвена звезда продолжува со серијата победи во АБА лигата

Најголемиот фаворит за освојување на регионалната кошаркарска АБА лига, тимот на Црвена звезда продолжи со максимален ефект и по 4.коло. Синоќа во Белград црвено-белите ја совладаа Мега Визура.


Лидерот на табелата во чекор е следен од Будуќност која до четвртиот триумф дојде на гостувањето во Софија кај Левски.

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром со половичен ефект е на средината на табелата.

Резултати на другите завршени натпревари од овој круг: МЗТ Скопје Аеродром – Шолнок 74:58, Игокеа – Крка 66:53, Олимпија – Партизан 87:58, Левски – Будуќност 75:92, Цедевита Металац 79:66 и Црвена звезда – Мега Визура 93:77.

Вечерва играат Цибона и Задар.

Табела:

1. Црвена Звезда 8 бодови,
2. Будуќност 8,
3. Унион Олимпија 7,
4. Крка 7,
5. Цедевита 6,
6. Шолнок 6,
7. МЗТ Скопје 6,
8. Мега Визура 6,
9. Задар 5 (натпревар помалку),
10. Игокеа 5,
11. Партизан 5,
12. Левски 5,
13. Металац 4,
14. Цибона 3 (натпревар помалку).

Познато е зошто холандскиот претставник е дисквалификуван од Евровизија

Според одлуката на организаторите, холандскиот претставник Јост Клајн вечерва нема да настапи во големото финале на Евровизија, соопшти ЕБУ.

Имено, тој е обвинет од член на продукцискиот тим, по скандалот што се случи по неговиот настап во втората полуфинална вечер.

Процесот се уште е во тек, а го истражува шведската полиција.

Меѓутоа, поради сѐ, организаторите решија да го исклучат од натпреварувањето и да го исфрлат од финалето. И ЕБУ излезе со официјално соопштение.

Инаку, откако вчера не се појави на пробата, во арената Малме настана целосен хаос.

За потсетување, Холанѓанецот ги избриша сите фотографии и видеа поврзани со Евровизија 2024 од својот Инстаграм профил и приказни.

Да потсетиме, тој синоќа заедно со уште девет финалисти од второто полуфинале присуствувал на конференција за медиумите.

Седел во близина на Израелката и цело време ја криел главата под знамето на својата земја, на страната од лицето што гледаше кон Еден. Кога таа почна да одговара на прашањата, Јост целосно ја покри главата.

Шоу на Ѓоковиќ: Со кацига се појави прв пат во јавноста по ударот со шише во Рим (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ за прв пат се појави во јавноста откако беше удрен со шише во глава по победата против Корентано Муте во второто коло на Мастерсот во Рим и ги насмеа сите присутни.

Имаше кацига на главата и со насмевка се потпишуваше на реквизитите на навивачите.

Ноле искористи сѐ за да се пошегува на своја сметка и со тоа ги воодушеви фановите, иако не изгледаше ни малку наивно кога го заработи ударот вчера навечер.

Самиот Ѓоковиќ бил свесен дека се работи за случаен инцидент, па сакал уште еднаш да ја искаже својата смисла за хумор.

Надреална глетка на Алпите, осветлени од поларна светлост (ВИДЕО)

Германците синоќа успеале да видат ретка глетка на поларната светлина, поради невообичаено голема соларна бура.

Феноменот, кој го осветлува ноќното небо во розова, зелена и треперлива тиркизна боја, може да биде видлив во некои региони и вечерва.

Германската метеоролошка служба (DWD) објави на X снимка од Алпите во јужна Германија осветлени во розова боја, како и зраците на поларната светлина над хоризонтот на Франкфурт. И други снимки се споделени на социјалните мрежи.

Американските метеоролози од Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA) вчера предупредија на сончева бура од петто ниво, највисоко ниво на скала од пет - интензитет последен пат регистриран во октомври 2003 година.

Изворот на соларните бури - голема група сончеви дамки - е околу 16 пати поголем од дијаметарот на Земјата, според NOAA.

Многумина во други земји исто така можеа да го видат феноменот, вклучително и Британија и Ирска.

Аурора се појавува кога наелектризираните честички се судираат со гасовите во атмосферата на Земјата околу магнетните полови.

притисни ентер