Дачиќ: Не го идеализирајте Тачи, таксите се идеја на неговите соработници

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, реагирајќи на изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи кој повика на укинување на таксите за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина, оцени дека не треба многу да се идеализира.

„Енвер Хоџај и Кадри Весели кажаа дека е нивна идејата за воведување такси од 100 проценти, а Весели е човек на Тачи. Тоа е заедничка игра во која, по се изгледа најмногу последици ќе има Рамуш Харадинај“, истакна Дачиќ за ТВ Прва.

Тој додаде дека САД нема да дозволат Косово да биде пречка за постигнување трајно решение, но и тоа што го рече Тачи не е сигнал дека таксите ќе бидат навистина укинати.

Дачиќ уште еднаш го повтори ставот на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини дека секое решение за Косово мора да дојде во Советот за безбедност на ОН.

„Она што досега е направено не мора пред СБ, но ако се дојде до трајно решение, тогаш ова прашање ќе се врати во СБ, бидејќи би било логично Резолуцијата 1244 да се замени со некоја друга. Сергеј Лавров испрати писмо до Могерини, во кое побара да го информираат за текот, но таа не го извести веднаш. Најважниот дел од писмото кое подоцна го испрати Могерини е дека ЕУ ја цени улогата на Русија, што е добро, бидејќи потврдува дека се уште треба да се дискутира и дека улогата на нашите пријателски земји, Русија и Кина, ќе биде важна, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека тоа не значи оти ќе има промена во форматот на дијалогот, а ако постојат индикации дека ќе се дојде до позитивен ефект, тогаш можно е, во смисла на организацијата, сите да бидат вклучени.

Вооружени напаѓачи среде бел ден ја убиле мисицата на Еквадор (23) (Вознемирувачко видео)

Мис на Еквадор, Ленди Парага е убиена во градот Кеведо додека била во ресторан, а сѐ е снимено од надзорните камери и сега на социјалните мрежи се шири вознемирувачкото видео.

Таа имаше 23 години. Полициската истрага е во тек, пишува Дејли мејл.

На видеото се гледаат двајца вооружени напаѓачи како влегуваат во ресторанот, додека Ленди Парага и еден маж стојат покрај масата. Додека парот разговарал, напаѓачите влегле во ресторанот и испукале неколку куршуми кон двајцата и веднаш го напуштиле објектот и побегнале.

Инаку, Парага беше натпреварувачка за Мис Еквадор и ја претставуваше провинцијата Лос Риос во 2022 година. Таа има над милион следбеници на социјалните мрежи. На само 23 години, таа стана сопственик на компанија за увоз на предмети за домаќинството и води сопствена линија на спортски чевли.

Нејзиното име беше споменато во декември 2023 година во пораките објавени од канцеларијата на јавното обвинителство, поврзани со голем случај на организиран криминал што го истражуваа. Едно од 52-те лица кои се под истрага во овој случај е Хеливе Ангуло, попознат по прекарот Естимадо.

Во разговорот, тој му рекол на дилерот на дрога Алехандро Нортер, со чиј имот управува, дека полицијата го испрашувала за Парага. „Ако мојата сопруга најде нешто за неа, јас сум готов“, напишал Нореро. „Пријателе мој, нејзиното име нема да се појави никаде“, го добил договорот.

Нореро е убиен во затвор во 2022 година, шест месеци откако беше затворен. Трансферите на пари на сметката на Парага се под истрага на јавното обвинителство.

Повеќе полицајци се повредени во пукотница во САД, помагаат специјалци: Избегнувајте ја областа

Повеќе полицајци биле застрелани при пукање во Шарлот, Северна Каролина, според полицијата.

Полициската управа во Шарлот-Мекленбург извести дека на местото на настанот биле застрелани „многубројни“ полицајци, пренесува Фокс њуз.

Како што е наведено, до 14 часот и 16 минути по локално време ситуацијата се уште се сметала за активна, а повредените биле пренесени во локалните болници.

„Избегнувајте ја областа“, велат од полициската управа. „Многу улици се затворени за да се овозможи побрзо транспортирање до амбулантите. Ве молиме да соработувате со властите.“

Во 14 часот и 23 минути полицијата потврди дека екипа на СВТ е на лице место.

Полицијата ги повика жителите да останат во своите домови.

„Тимот SWAT е на лице место и продолжува да работи на инцидентот“, се вели во полициското соопштение на платформата X. „Ова останува активна ситуација. Ве молиме избегнувајте ја областа“.

Fox News Digital побара повеќе информации до полицискиот оддел во Шарлот-Мекленбург, но засега нема.

Укинат му е притворот на Жерар Депардје- две жени го обвинија за злоставување

Францускиот актер Жерар Депардје утринава бил повикан на сослушување под обвинение за сексуален напад, а потоа бил испратен во притвор во Третото одделение на париската полиција.

Францускиот актер Жерар Депардје утринава бил повикан на сослушување под обвинение за сексуален напад, а потоа бил испратен во притвор во Третото одделение на париската полиција, за да му биде укинат притворот доцна попладнево, соопшти париската полиција.

Две жени го обвинија Депардје за сексуални напади за време на две различни снимања.

Првиот пат во 2014 година, за време на снимањето на филмот „Волшебникот и сијамските близнаци“ на Жан-Пјер Моки, а вториот пат во 2021 година, за време на снимањето на „Зелените прозорци“ на Жан Бекер, пренесува парискиот дневен весник Фигаро.

Првата жалба ја поднела дваесет и четиригодишна помошничка на филмски сет во 2014 година.

притисни ентер