Дали и кога ќе заврши епидемијата на морбили

Пет месеци од прогласувањето на епидемија на морбили во Скопје, освен во главниот град епидемија се прогласи и во 6 други градови.

Дали и кога ќе се стави крај на епидемијата на морбили никој не знае?

Епидемиолозите велат дека единствениот спас е вакцинацијата, досега се зголемува бројот на вакцинирани, но се уште не го надминува процентот над 90.

Освен деца до 4 годишна возраст голем број од заболените со морбили се и возрасни кои примеле само една доза на вакцина или не го знаат својот вакцинален статус.

Од стартот на епидемијата од морбили починаа три деца.

СДСМ: Глас за СДСМ е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

Глас за СДСМ на 8-ми мај е глас за поголеми плати и унапредени работнички права.

СДСМ ја зголеми минималната плата за скоро три пати од 8.000 на 22.500 денари и таа ќе продолжи да расте со воспоставена методологија.

Просечната плата е двојно зголемена, во однос на 2016 година на речиси 40.000 денари. Платите во образованието и здравството се двојно поголеми, покачени се платите во образованието, полицијата, армијата, социјалните служби, во сите сектори.

СДСМ беше рамо до рамо со работниците во време на големите кризи – економската, енергетската и здравствената, помогна да се спасат илјадници работни места.

Со социјален дијалог ги решава предизвиците и го слуша гласот на работниците.

Со СДСМ е можен европски животен стандард, со просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра.

Програмата за млади предвидува по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра.

Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари.

Работниците и нивниот труд се двигател на секоја економија, на секоја држава.

СДСМ нема да се откаже од унапредување на работничките права, раст на платите, подобро платени работни места.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски од голтар до милионер

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт.

Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт заобиколувајќи ги законските процедури извршил распределба на пари преку така наречените ваучери до клубови и федерации, кои одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување.

Каевски е фатен на дело, и веќе на сите им е јасно зошто излегуваше и ширеше лаги и манипулации во јавноста.

Тоа се кадрите на СДС, како Дарко Каевски, вмешани во криминал и корупција.

Време е Македонија да се ослободи од криминалците како Каевски. Време е да ја вратиме Македонија на народот. Македонија повторно твоја.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Македонија

Работната група на Универзалниот периодичен преглед (УПП) на Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН), денеска на состанок во Женева ќе ги разгледува по четврти пат податоците за состојбата на човековите права во Македонија.

-Македонија е една од 14 држави што треба да бидат прегледани од страна на работната група на УПП, за време на претстојната седница, што ќе се одржи од 29 април до 10 мај. Првиот, вториот и третиот УПП преглед на Македонија беа одржани во мај 2009, јануари 2014, односно јануари 2019 година, соопшти Канцеларијата на ОН во Скопје.

Работната група na УПП се состои од 47 земји-членки на Советот за човекови права, секоја од 193-те земји-членки на ОН може да учествува во прегледот на земјата.

- Документите врз што се темелат прегледите се: 1) националениот извештај - информации обезбедени од страна на државата што се разгледува; 2) информации содржани во извештаите на независни експерти за човекови права и групи, познати како специјални процедури, договорни тела за човекови права и други ентитети на ОН; 3) информации обезбедени од други засегнати страни, вклучувајќи ги националните институции за човекови права, регионалните организации и групите за граѓанско општество, се појаснува во соопштението.

УПП е процес што вклучува периодичен преглед на податоците за состојбата на човековите права во сите 193 држави-членки на ОН.

Од првиот состанок, одржан во април 2008 година, сите 193 држави-членки на ОН беа разгледани трипати. Во текот на четвртиот УПП циклус, државите повторно се очекува да ги објаснат чекорите што ги презеле за да ги имплементираат препораките, добиени за време на нивните претходни прегледи, на чие следење се обврзале, како и да укажат на скорешните случувања во oбласта на човековите права во земјата.

Делегацијата на Македонија, како што е најавено, ќе биде предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи. Трите претставници на земјата што служат како известувачи - „тројка“, за прегледот на државава се Албанија, Бенин и Финска. /МИА

притисни ентер