Дали короната повторно зема замав?

Здравствените власти да превземат нешто во однос на ширењето на короната и останатите зарази, бидејќи половина од пациентите што секој ден доаѓаат на преглед се со симптоми на ковид, алармираат матичните лекари.

Д-р Мира Атанасова вели дека статистиката можеби не нотира зголемен број на заразени оти голем дел одбиваат да се тестираат. Многу малку дома со брзи тестови од аптека се тестираат, потврдува Д-р Атанасова.

Напливот на пациенти добил на интензитет особено во последниот месец, потврдуваат неколку матични лекари што ги контактиравме. Според Д-р Атанасова на време треба да се мисли за она што допрва не чека, па задолжителноста на тестирањето, особено на маските во болниците треба да биде предмет на одлука од страна на надлежните.

Во меѓувреме, институтот за јавно здравје веќе со месеци јавно не ги објавува стстистиките, па последниот извештај што може да се најде датира од мај. Сепак Директорот Шабан Мемети во телефонски разговор за Канал 5 вели дека анализи се прават, како и дека последните нотираат само околу 150 случаи во месец август. Иако од Комисијата за заштита од заразни болести кажаа на средината од септември, или сега треба да има резултати од секвенционирање со што ќе се знае кој вид на ковид циркулира кај нас, ама од Институтот велат дека вакво нешто периодов не се прави.

Далас го продолжи договорот со Кид

НБА лигашот Далас Маверикс потпиша нов повеќегодишен договор со својот досегашен тренер Џејсон Кид, кој е на нивната клупа од летото 2021 година, јавија денеска американските медиуми.

Во две од трите сезони поминати на клупата на Далас, Кид постигна 50 или повеќе победи во една сезона (52 во сезоната 2021/22 и 50 во тековната сезона) и во двата наврати тимот влезе во плеј-офот и го помина првиот круг.

Пред две години стигна до финалето на Западот, а годинава ќе игра во второто коло против Оклахома Сити, додека минатата сезона тимот потфрли со скор од 38-44.

„Возбудени сме што тренерот Кид ќе продолжи да го води нашиот тим и во наредните години благодарение на заслуженото продолжување на договорот, изјави мнозинскиот сопственик на Далас, Патрик Думонт.

Циципас ја заврши романсата со колешката Бадоса

Убавата шпанската тенисерка Пола Бадоса повеќе не е во врска со најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас.

По тој повод таа преку Инстаграм остави и проштална порака:

- По внимателно размислување и многу убави заеднички моменти, јас и Стефанос решивме да се разделиме. Споделивме патување исполнето со љубов и учење и се разделуваме како пријатели со голема взаемна почит, но одиме по наш пат.

- Благодарни сме за поддршката на нашите пријатели, семејства и сите кои беа дел од нашата приказна. Додека преминуваме во ново поглавје во нашите животи, си посакуваме ништо друго освен најдобро во иднина. Љубезно бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – напиша Бадоса.

Бадоса денес е 101. тенисерка во светот со 26 години, а своевремено беше и втора на ВТА листата.

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

притисни ентер