Дали се сеќавате на Чарли?

Чарли и неговиот брат пред неколку години снимија интересно видео

Поминаа 10 години откако Чарли го гризна прстот на неговиот брат Хери. “Инцидентот“ беше снимен со камера и поставен на јутјуб и со тоа децата добија светска слава.

Денеска Чарли има 11 години додека Хери има 13 и сеуште живеат со нивните родители во Бакингамшир.

This is what 'Charlie bit my finger' brothers look like now

Со ова интересно видео родителите на децата преку Јутјуб заработија околу 1 милион фунти.

По една деценија, многу работи се променија. На пример сега семејството е поголемо за двајца членови Џаспер кој има една година и Руперт кој има 6 години.



Но парите не им го смениле животот на семејството. Немаат купено ферари, немаат домашни кина ниту пак огромни базени.

Тие живеат во истата куќа, дури седат и на истиот кревет.

Па прашањето е што се случи со заработените пари?

Повеќето од парите родителите ги вложуваат во своите деца односно во нивно школување.

This is what 'Charlie bit my finger' brothers look like now

Таткото Кар изјавил дека Чарли еднаш си дошол дома од училиште и го прашал - Навистина ли имаме пари за Ферари?

Видеото беше направено за да го гледа нашето семејство, но ете го поставивме на интернет и децата стаанаа познати преку ноќ.

Во октомври 2009 година видеото познато како „Чарли ми го гризна прстот“ стана најгледано видео на Јутјуб. Видеото беше прегледано 129 милиони пати. Цели 171 ден видеото било број 1 во светот пред да биде тргнато од првото место.

Погледнете го видеото со кое овие браќа станаа познати:

Гнабри неизвесен за ЕУРО2024 поради повреда на тетивата

Напаѓачот на минхенски Баерн и на германската репрезентација, Серж Гнабри ја повреди тетивата, што ќе го остави надвор од теренот до крајот на сезоната, а би можел да го пропушти и настапот на ЕУРО 2024 на домашен терен, објави денеска баварскиот клуб

Гнабри се повреди во средата во поразот од Реал Мадрид во полуфиналето во Лигата на шампионите и ќе ги пропушти последните два натпревари во Бундеслигата во сезоната, се вели во соопштението на неговиот клуб.

Баварците не прецизираа колку време ќе отсуствува 28-годишниот фудбалер, но за рехабилитација од ваков тип на повреда вообичаено се потребни неколку недели.

Гнабри, кој последен пат играше за репрезентацијата во ноември во поразите од Турција и Австрија, веќе неколку пати оваа сезона беше надвор од терените поради проблеми со колкот, скршеница на подлактницата, кратко боледување и проблеми со мускулите.

Германија го отвора ЕУРО 2024 против Шкотска на 14 јуни. /МИА

Волстрит џурнал: САД ќе ги зголемат тарифите за кинеските електрични возила

САД планираат да ги зголемат тарифите за кинеските производи за чиста енергија, јавија американски медиуми, при што се очекува да се зголемат давачките за електричните возила приближно четирипати.

Тој потег, како што објави Волстрит џурнал, доаѓа на крајот на долгоочекуваната анализа на царините што беа наметнати за време на трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг. Тогашниот претседател Доналд Трамп воведе царини на стоки од Кина во вредност од околу 300 милијарди долари.

Официјалните лица оттогаш иницираа преглед на активностите, при што од трговскиот претставник на САД се бара да го разгледа влијанието на давачките -- првпат воведени во 2018 година -- по четири години.

Одлуката, што се очекува во наредниот вторник, според извештаите, ќе дојде додека претседателот Џо Бајден се подготвува за реванш со Трамп на претседателските избори во ноември.

Минатиот месец тој побара тројно зголемување на тарифите за кинескиот челик и алуминиум додека држеше говори во државата Пенсилванија.

Тарифната стапка за електричните возила, исто така, треба да се зголеми од 25 проценти на околу 100 проценти, се додава во извештајот./МИА

Палестински власти: Гласањето во ОН покажува дека „Палестина заслужува полноправно членство“

Палестинските власти велат дека гласањето во ОН покажува дека „Палестина заслужува полноправно членство“

Палестинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека гласањето на Генералното собрание на ОН за давање дополнителни права на Палестинците во светската организација покажало дека тие заслужуваат „полноправно членство“.

Гласањето „потврдува дека Палестина ги исполнува сите барања пропишани во Повелбата на Обединетите нации... Така таа заслужува, и е квалификувана да добие полноправно членство во Обединетите нации“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Палестинската управа. /МИА

притисни ентер