Дани Алвеш нема да се пресели во ПСЖ

Иако Бразилецот Дани Алвеш не е задоволен од статусот кој го има во Барселона, сепак, најверојатно тој ќе остане на „Камп Ноу“.

Алвеш беше поврзуван со трансфер во францускиот шампион Париз Сен Жермен, но тренерот на „Светците“ Лоран Блан, ја отфрли можноста Бразилецот да се пресели на „Паркот на принцовите“, пренесува денешното издание на шпанскиот спортски весник „Марка“.

Договорот на Алвеш со Барселона истекува на 30 јуни, а тренерот Блан кратко изјави „Мислам дека Алвеш ќе ја продолжи соработката со Барселона“.

Минатата недела бразилскиот фудбалер јавно се пожали од статусот кој го има во Барселона и изрази незадоволство од платата, наведувајќи дека сериозно размислува да го напушти тимот кој сезонава веќе освои два трофеи, првак и победник на Купот на Шпанија, а во сабота ќе има можност да се атакува и на титулата во Лигата на шампионите, за која ќе се бори со италијанскиот првак Јувентус.

Токму по овој меч Алвеш најави дека ќе ги прецизира плановите за својата понатамошна кариера.

Ирска размислува за намалување на социјалната помош за барателите на азил и украинските бегалци

Ирска оваа недела ќе ја разгледа можноста за намалување на државната помош за бегалците и барателите на азил, вклучително и оние кои пристигнуваат од Украина. 

Ова го најави премиерот Сајмон Харис, кој има за цел да го приближи системот до практиката во другите европски земји.

Нешто повеќе од 100.000 Украинци побарале прибежиште во Ирска откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, додека бројот на баратели на азил од остатокот од светот е речиси тројно зголемен од нивото пред пандемијата на над 13.000 во 2022 и 2023 година. Годинава, бројот достигна 7.700.

Високите нивоа ја ставија миграцијата на врвот на политичката агенда за земјата со 5,3 милиони жители, која се бори да ги смести бегалците во време на криза за домување.

„Сигурно имам намера да направам промени во голем број области за да дадам поттик на она што според Ирците, недостига, што е здрав разумски пристап“, изјави Харис за радиото „Њуз ток“ пред утрешната седница на Владата. /МИА

Подољак: Новата руска Влада е создадена да ги крене воените капацитети

Новите министри во руската влада покажуваат дека Москва се обидува да ги зголеми воените напори и да ја реконфигурира економијата за да ги задоволи воените потреби, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.

„Русија конечно почна да се изолира и ќе се обиде да ги зголеми воените напори и воените способности, а истовремено да ја реконфигурира економијата“, напиша Подољак на својот профил на Телеграм.

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши министерот за одбрана Сергеј Шојгу и го замени со економистот Андреј Белоусов.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во неделата изјави дека Путин го назначил Белоусов на позицијата министер за одбрана бидејќи тој ресор треба да биде апсолутно отворен за иновации, воведување на сите напредни идеи и создавање услови за економска конкурентност.

Песков објасни и дека Шојгу, како новоименуван секретар на Советот за безбедност, истовремено ќе биде и заменик шеф на државата во комисијата за воено-индустрискиот комплекс и ќе ги надгледува активностите на Федералната служба за воено-техничка соработка.

Според Песков, Шојгу ќе продолжи да работи во областа што ја познава. /МИА

Енрике: Ми беше чест да го тренирам Мбапе

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, изјави оти бил почестен да го тренира францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, кој се очекува ова лето да го напушти клубот од Париз и да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.

„Беше чест да се биде тренер на Килијан Мбапе. Тој секогаш беше пример за другите. Не можам да кажам ништо лошо за него. Немам ниту една поплака за тоа. Неговото однесување беше едноставно одлично“, истакна Енрике в изјава за телевизијата Канал плус.

Мбапе ја игра последната сезона во дресот на ПСЖ, откако на 10 мај објави дека ќе го напушти главниот град по завршувањето на оваа сезона.

Мбапе оваа сезона одигра 47 натпревари за ПСЖ, постигнувајќи 44 голови во сите конкуренции. /МИА

притисни ентер