Дефинитивно крајот за „Audi R8“: Колекционерите брзаат во салоните да го купат

„Audi“ го заврши производството на купето „ТТ“ уште во ноември минатата година, додека „R8“ требаше наскоро да биде пензиониран. Меѓутоа, тогаш тоа не се случи.

Откако последниот „ТТ“ беше произведен во ноември 2023 година, вториот спортски „Audi“ ја напушта сцената. Последниот „R8“ излезе од склопувачката лента на локацијата Белингер Хефе во Хајлброн, Германија.

Станува збор за Вегас жолто купе (исто како она на фотографијата), во изведба „Performance quattro“ со надворешен стилски пакет од карбонски влакна и тркала од 20 инчи.

„Audi“ мораше да го продолжи производството на „R8“ за да биде во чекор со порастот на нарачките на клиентите по најавата на компанијата дека го гасне суперспортскиот автомобил.

Првично, последниот автомобил требаше да биде произведен на крајот на 2023 година, но тоа се случи дури овој месец.

Минатата година продажбата е зголемена за 49 отсто, достигнувајќи 1.591 единица.

Гледајќи наназад на продажните резултати, побарувачката за „R8“ отсекогаш била ниска, што е разбирливо со оглед на огромната цена и класата на овој автомобил. Својот врв го достигна во 2008 година, кога „Audi“ испорача дури 5.016 примероци на клиентите.

Овие продажни бројки ги вклучуваат варијантите „Coupe“ и „Spyder“.

Крајот на „Audi R8“ значи и дека познатиот „V10“ мотор на „Volkswagen“ групацијата е „со едната нога во гробот“. „Lamborghini“ дефинитивно ќе го прекине сестринскиот автомобил на „Audi R8“, „Huracan“, подоцна оваа година.

Сите возила што ќе бидат завршени годинава се веќе резервирани. Ова практично значи дека повеќе не можете да го нарачате овој суперавтомобил „Lamborghini“ со атмосферски мотор од 5,2 литри.

„Huracan“ постојано беше попопуларен од „R8“, па веројатно затоа само тој „Lamborghini“ ќе добие наследник.

Извор: Б92

Биелса во репрезентацијата на Уругвај повика играч од аматерската лига

 Селекторот на репрезентацијата на Уругвај, Марсело Биелса во репрезентацијата го повика 24-годишниот фудбалер Валтер Домингез кој настапува во аматерската лига, објави „TNT Sports“.

Уругвајците на крајот на овој месец ќе одржат подготвителен тренинг камп за Купот на Америка во 2024 година.

Домингез настапува за клубот Хувентуд Соријано, каде сезонава на 39 натпревари постигна 57 гола.

Биелса е во репрезентацијата на Уругвај од мај 2023 година. Под негово водство репрезентацијата одигра девет натпревари, на кои забележа шест победи, два пораза и едно реми.

Купот на Америка 2024 ќе се одржи во САД од 20 јуни до 14 јули.

Во ресторани и канцеларии во Велика Британија ќе бидат забранети нови родово неутрални тоалети

На баровите, рестораните и канцелариите во Велика Британија ќе им биде забрането да назначуваат нови простории како родово неутрални тоалети, според измените на законот што ќе стапат во сила подоцна оваа година.

Британските министри рекоа дека измените на законот ќе ја зголемат „безбедноста, приватноста и достоинството“ на жените.

Врз основа на тие измени на законот, новите јавни и деловни згради ќе мора да имаат посебни машки и женски тоалети, пишува Тајмс.

Според тие одредби, оние кои не можат да го обезбедат тоа ќе мора да имаат просторија што вклучува тоалет, мијалник и фен за раце зад врата што може да се заклучува.

Министрите рекоа дека одлуката ќе стави крај на зголемувањето на бројот на таканаречените „родово неутрални“ тоалети кои оневозможуваат приватност.

Измените на законот, сепак, беа критикувани од активисти за правата на ЛГБТК, кои предупредија дека тоа дополнително ќе ги маргинализира трансродовите лица.

Британската влада првпат ги предложи измените на законот минатата година, и покрај силната кампања на противниците на измените кои рекоа дека трансродовите жени ќе бидат изложени на ризик за нивната безбедност со тоа што ќе мора да користат машки тоалети.

Анкетата на YouGov претходно оваа година покажа дека 48 отсто од луѓето се чувствуваат непријатно кога користат родово неутрални тоалети, вклучително и 57 отсто жени.

Верстапен по второто место во Мајами: Се изненадив од брзината на Мекларен

- Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен се осврна на своето второ место на Формула 1 трката возена синоќа за Големата награда на Мајами.

- Понекогаш победуваш, понекогаш губиш. Не се чувствував многу добро со медиум пневматиците. Се изненадив брзо возеше болидот на Мекларен. Нашиот ден не беше најдобар, но јас целосно го прифаќам второто место на ваков ден. Ми недостигаше забрзување, треба да видиме зошто тоа се случи. Ова не беше нашиот најсилен викенд во однос на нашето темпо. Честитки до Норис за победата, изјави Верстапен.

Британскиот возач на Мекларен, Ландо Норис за прв пат во кариерата оствари победа на трка во Формула 1 шампионатот.

Верстапен заврши на второто место со заостанување од 7,612 секунди.

притисни ентер