Дејвид Бекам не можеше да помине незабележано (ФОТО)

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам се знае дека сака мода и убави автомобили. Во својата колекција има импресивен возен парк , а неодамна се поднови со уште еден бисер.

Папараците го уловија на излегување од еден познат вегетеријански ресторан во Лос Анџелес , каде застана по чаша здрав напиток пред да оди во теретана.

Иако изгледаше спортски и набилдан , вниманието го привлече неговиот нов болид и тоа на МекЛарен.

Познато е дека Бекам во колекцијата поседува спортски Јагуар од околу 140 000 фунти, Ауди од 80 000 фунти, кадилак Ескаласда, Џип Вранглер и Ферари 612 Скалети чија цемна достигнува до 200 000 фунти.

Бекам сака брзини , што често му носи проблеми со полицијата . Во јануари беше запрен поради тоа што со своетоп Бентли возел 100 км/час на место каде било дозволено 60.

Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники

 Во СВР Велес синоќа во 21:55 часот било пријавено дека на главната  улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната велешанка М.Р.  удрило во малолетен пешак. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

Таа додава дека по овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира за МИА портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, Марина Андова, малолетникот бил прегледан на Одделот за Радиодијагностика по што било утврдена скршеница на левата потколеница, и по дадената лекарска помош поради тежината на повредата малолетникот бил препратен на Клиниките во Скопје на понатамошно лекување.

Бензините поевтинуваат за денар ипол, а дизелот за еден денар по литар

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 отсто.

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 86 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 88, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 74 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,829 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,832 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,438 отсто, кај дизелот за 2,100, кај екстра лесното масло за 2,605 и кај мазутот за 1,907 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,407 отсто.

На Агенцијата за хуманитарна помош на ОН и бил забранет пристап до преминот Рафа во Газа

Агенцијата за хуманитарна помош на ОН денеска соопшти дека израелските власти ѝ забраниле пристап до граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет, кој сега е под контрола на израелската армија.

- Рафа е на нишан, рече Јенс Лаерке, портпарол на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, на редовен брифинг во Женева.

- Израелските одбранбени сили ги игнорираат сите предупредувања што тоа би можело да значи за цивилите и хуманитарните операции низ Појасот Газа. Мислам дека е фер да се каже дека извештаите што ги добивме од колегите на терен се дека завладеала паника и очај, луѓето се преплашени, истакна тој.

Лаерке рече дека 76 отсто од Газа е под наредба за евакуација и на луѓето во Рафа не им е дадено доволно време да ги исполнат тие наредби.

Лаерке предупреди дека ОН и нивните партнери во Газа имаат гориво за еден ден, главно дизел за да управуваат со камиони и генератори.

Портпаролката на Канцеларијата на ОН за човекови права Равина Шамдасани изјави дека Израел има обврски врз основа на меѓународното хуманитарно право на цивилите во Газа да им обезбеди пристап до медицинска нега, соодветна храна, вода за пиење и санитарни услови.

Таа го изјави ова неколку часа откако израелските сили ја презедоа контролата на граничниот премин Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

- Неисполнувањето на овие обврски се граничи со принудно раселување, што е воено злосторство, додаде таа.

За израелската операција во Рафа, таа рече дека постојат силни индиции дека таа го прекршува меѓународното хуманитарно право. /МИА

притисни ентер