Демостат: Кинескиот претседател Си Џинпинг доаѓа во Белград на 8 мај

Кинескиот претседател Си Џинпинг доаѓа во Белград на 8 мај, објави Демостат повикувајќи се на извори од дипломатски кругови, јави дописникот на МИА од Белград.

За време на престојот во Србија, претседателот на Кина ќе се сретне со неговиот српски колега Александар Вучиќ и други државни претставници, соопшти Демостат.

Вучиќ во февруари, на церемонијата на одбележување на лунарната Нова Година, рече дека добил потврда дека кинескиот претседател ќе го посети Белград во 2024 година, оценувајќи дека Си е искрен пријател на Србија и еден од најважните светски лидери.

Двајцата претседатели последен пат се сретнаа во октомври минатата година во Пекинг, за време на третиот Форум „Појас и пат“.

Си веќе беше во Србија во јуни 2016 година, што беше прва посета на кинескиот претседател на Белград по 32 години.

Инаку, кон средината на март беше најавено дека Си во мај во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, а таа посета ќе се совпадне со прославата на 60-годишнината од односите меѓу двете земји. Тоа ќе биде прва посета на претседателот на Кина на Европа од почетокот на пандемијата на корона вирусот. /МИА

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер