Од затворските ќелии, во групи со полициска придружба и во комбиња ги носеа во кантината каде си ја исполнија граѓанската должност.
Во групи од по 10 лица, затворениците еден по еден застанаа пред избирачкиот одбор да си го земат своето ливче и да си го остварат правото на глас на еден ден пред изборите.
Во овој затвор правото на глас денеска го остваруваат 887 гласачи од 80 општини, а до 11 часот демократското право го оствариле 250 лица. Од одборот велат гласачкото место почнало со работа во 7 часот, а се затвора во 19 часот, а објаснија и како се одвива процесот.
-Дојдовме вчера, дистрибуиран е со асистенција од полиција, во посебна просторија беше заклучен материјалот, како го оставивме, така го затекнавме, ги наместивме материјалите и почнавме. Ние ги прашуваме дали сакаат и за едните и за другите избори, тие си ги земаат двете ливчиња, кој сака гласа, кој сака го остава празно или ко пречрктува,- изјави Зоран Петровиќ – Член на избирачки одбор - КПД Идризово.
Во останатите затвори во земјата, гласаа над 1200 затвореници, а според информациите, секаде гласањето се одвива без никакви проблеми.
-Го отворивме точно на време, во 7 часот имаме 206 гласачи и по двата избирачки списока, за претседателски и парламентарни избори и досега има излезеност,- Адријана Хаџи Николова – член на избирачки одбор – КПД Штип.
Својот глас денеска го даваат и болните и немоќни лица во домашни услови, поради не можноста да се појават на гласачките места. Ширум земјава од нив 11.095 се пријавиле дека ќе гласаат на претседателските, додека пак 11.197 ќе гласаат на парламентарните избори.
Митра Арсова од Штипско за прв пат во своите 81 година нема да гласа на избирачко место, но вели, демократскиот процес мора да се испочитува, па дури и во домашни услови..
Треба да се излезе на гласање, се знае гласање е, треба да се излезе.
Денес ја спроведуваме постапката за гласање на болни и изнемоштени лица на избирачко место 228 на железничка станица, по избирачки список имаме тројца болни и изнемоштени лица и веќе за голем дел од нив е извршено гласањето,- Избирачки одбор – Штип.
Денека се гласа и во домовите за возрасни, каде 534 лица пријавиле дека ќе гласаат на двојните избори. Во тек е и гласањето на дијаспората, таму гласот ќе го дадат 2569 лица кои имаат право да гласаат само на претседателските избори... За парлемнатраните нема да гласаат бидејќи немаше доволно пријавени за да се исполни условот од изборниот закон.