Денеска се објавуваат тајните документи за атентатот на Кенеди

Денеска се очекува да бидат објавени тајните документи за атентатот врз американскиот претседател Џон Кенеди, кои би можеле темелно да го оспорат фактот дека убиецот на Џон Кенеди, Ли Харви Освалд, дејствувал сам во ликвидацијата.


Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела најави дека ќе декласифицира 3.000 документи од ЦИА кои се однесуваат на убиството на еден од најомилените американски претседатели, чие убиство со децении се врзува со низа теории на заговор – од тоа дека зад него стои ЦИА до кубанскиот лидер Фидел Кастро.

Американскиот национален архив низ годините објавуваше редуцурани документи за атентатот, но последните делови од досиејата се и понатаму тајни.
Комисијата која го истражуваше атентатот на 46-годишниот претседател, на 22-ри ноември 1963 година, заклучи дека го убил поранешниот стрелец на американската морнарица од прва класа Ли Харви Освалд и дека убиството го извршил сам.

Далас избори конференциско финале

Кошаркарите на Далас маверикс ноќеска ја совладаа Оклахома со 117:116 во шестиот натпревар од второто коло на плејофот на НБА. Маверикс ја добија серијата со 4:2.

Гостите во повеќе наврати имаа двоцифрена предност, два пати во третата четвртина имаа +17, но и тоа не беше доволно да се изборат за мајсторка.

Најдобар играч во победничкиот тим беше Лука Дончиќ кој оствари трипл-дабл: 29 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Во финалето на Западната конференција Далас ќе игра со победникот од двојката Денвер – Минесота (3:3).

Вечер од 21:30 часот по македонско време, Њујорк ја пречекува Индијана во одлучувачкиот седми натпревар од четвртфиналната пресметка во Источната конференција. /МИА

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Регионалниот ЦУК Охрид известил дека добиле пријави од граѓани за поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“, во Охрид. Од страна на Општина Охрид е контактирано со ЈП „Нискоградба“ и ЈП „Колекторски систем“ бидејќи колекторскиот систем не можел да ја прими во целост количината на вода поради обилните врнежи од дожд. За кратко време состојбата е санирана, соопшти ЦУК.

Во изминатото деноноќие, како што информираат од ЦУК, биле евидентирани три пожари на отворено.

Регионалниот ЦУК Скопје соопштил дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две помали интервенции поради запалено ѓубре и тоа на ул. „Ферид Заири“ во Општина Чаир и кај Езерото Треска во Општина Сарај.

Регионалниот ЦУК Тетово известил дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалена ниска вегетација кај село Чифлик во Општина Желино.

Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатите 24 часа имало вкупно 1 491 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,84 отсто, а 37,16 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 63,18 отсто, кон итната медицинска помош 29,09 проценти, кон пожарникарите 2,73 отсто, a кон АМСМ 1,36 отсто од повиците кон бројот 112.

Од ЦУК апелираат до граѓаните за голема внимателност при појава на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења. Граѓаните да не се престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Полициски службеници од СВР Битола, ноќеска во 00:20 часот, на ул.„Охридска“ во Битола  го лишиле од слобода триесет и шестгодишниот битолчанец И.М.

Како што соопшти МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

притисни ентер