Девет години затвор и казна од 450 000 евра за Ѓоко Поповски – прва пресуда за случај на СЈО

Судот одлучи.  Девет  години затвор за  поранешниот помошник министер во мвр  Ѓоко Поповски. Тој е осуден  по обвинение на СЈО за набавката на 300 возила за потребите на МВР.  

„Обвинетиот Ѓоко Поповски виновен е за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1 од КЗ. Па, согчасно наведената законска одредба, како и членовите 4, 32, 33, 35 и 39 од КЗ, судот, обвинетиот Ѓоко Поповски го осудува на казна затвор од 9 години“, вака судјката Добрила Кацарска му ја прочита пресудата на Ѓоко Поповски.

Без емоции Ѓоко Поповски слушна дека 9 години ќе ги помине во затвор. Поранешниот помошник министер во МВР, треба да му врати и на Министерството повеќе од 450.000 евра и да ги плати судските трошоци од околу 5.000 евра. Како главни критериуми за затворската казна, судијката Добрила Кацарска, наведе дека Поповски свесно го оштетил буџетот. Од пријавените 11 фирми, во 2008 бил склучен договор со шест, но не економските најповолни. Како доказ, дека постапката била незаконита, Кацарска наведе телефонски разговор меѓу екс министерката Јанкуловска и екс владиниот секретар Кирил Божиновски.

„Самата Гордана Јанкуловска вели дека тогаш направиле финта, па на сите им дале, на кои по 10, на кои по 20 возила“, наведе судјката Кацарска.

По барање на СЈО, Поповски е во притвор во скопскиот истражен затвор. Адвокатот Стерјо Зиков најави жалба, но не е оптимист за поинаква одлука.

„Се даде девет години за кривично дело сторено пред 10 години во јавна набавка, за којашто сега постои различно толкување на прописите дали биле правилно применети или не, е стварно, сметам работа за којашто не треба да се коментира“, изјави адвокатот на Поповски, Стерјо Зиков.

На Поповски шест месеци му се судеше за набавката на возилата во МВР. Во неколку наврати се одложуваа рочиштата поради неговата здравсвтена состојба. Изненаден од изречената пресуда, Поповски утре не сака повторно да додјде во Кривичниот суд, за да слушне уште една пресуда, за набавката на Мерцедосот.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер