Девојката на принцот Хари се огласи во јавноста: Јас сум најсреќната жена на светот!

35 годишната актерка Меган Маркл во првото интервју за „Toronto Sun“ по гласините дека е во врска со принцот Хари признава: Јас сум најсреќната жена на светот!

Откако се дозна дека е во врска со хари таа на Инстаграм постираше бројни романтични фотографии.


Last night, shortly after news of their blossoming romance broke, Meghan posted a picture of two loved-up bananas 'spooning' on Instagram, with the caption 'Sleep tight'

Но признава и дека е загрижена поради бројните секс сцени ки ги има во серијата во која настапува, „Suits“.

Risque: The actress strips down to her underwear in a steamy scene from US drama Suits - she says her mother taught her: 'Never give the milk away for free'

32 годишниот принц Хари ја запознал Меган на хуманитарна забава, и и` испраќал пораки се додека таа не се согласила да се види со него. Таблоидите пишуваат дека додека се допишувале, таа била во врска со Кори Витиело. По неколку состаноци, врската меѓу Меган и Хари станала сериозна.

Prince Harry pictured in Aberdeen last month wearing a blue, white and black beaded bracelet that looks very much like the jewellery worn by his rumoured girlfriend Meghan


Во интервјуто за „Toronto Sun“ Меган вели: Јас сум најсреќната жена на светот.

Вели дека лансирала своја линија на облека во која нема ни едно парче поскапо од 70 долари.

- Јас не сум девојка која купувала свеќи од 100 долари, туку девојка на која и снемувало бензин кога одела на аудиција. Длабоко сум навлезена во процесот на дизајнирање и решена сум да се чуе за моето име - вели Меган.

Нејзината мајка е Афро - американка, а татко и белец. Покрај тоа што е актерка и дизајнерка, Меган е борец за човекови права и активно вежба јога.

Зад себе има еден брак кој траел 3 години.



Healthy living: Meghan Markle holds a yoga pose in a stunning picture from her Instagram

/извор: Дејли меил

Калас: Естонија нема план „Б“ доколку Украина ја загуби војната

Естонската премиерка Каја Калас денеска изјави дека Естонија нема план „Б“ доколку Украина ја загуби војната.

-Не треба да се препуштиме на песимизмот. Победата во Украина не е само територија. Ако Украина влезе во НАТО, дури и без одредена територија, тогаш тоа е победа бидејќи ќе биде ставена под чадорот на НАТО, посочи Калас во интервјуто. со Би-Би-Си.

Владата на Естонија одвои повеќе од еден процент од естонскиот БДП за воена и финансиска помош за Украина.

-Доколку секоја земја на НАТО го направи тоа, Украина ќе победи, посочува Калас.

Естонија, мала балтичка држава која некогаш беше дел од Советскиот Сојуз, е уверена дека откако ќе завршат борбите во Украина, рускиот претседател Владимир Путин ќе го сврти своето внимание кон Балтикот, барајќи да ги врати земјите како Естонија под контрола на Москва./МИА

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. 

Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=8

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од колината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. И во понеделник во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а поради големата енергија во атмосферата наместа процесите ќе бидат и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

ФИФА му забрани на Партизан да регистрира играчи до јануари 2026 година

Меѓународната фудбалска организација (ФИФА) му забрани на Партизан да регистрира играчи до почетокот на јануари 2026 година.

Партизан е казнет со забрана за регистрација на нови играчи во следните три трансфер периоди. Според одлуката на светската фудбалска централа, вицешампионот на Србија ќе може да смета на засилувања дури од почетокот на 2026 година.

Канцеларијата на Партизан има можност веднаш да постапи по конечните одлуки на фудбалските власти, да ги подмири конкретните долгови и да ги исполни условите за укинување на суспензијата.

Казната е во сила од 17 април и најверојатно е поврзана со неплатени долгови кон поранешниот првотимец Такуми Асано.

Во конечната казна, Судот за спортска арбитража во Лозана го потврди долгот и му наложи на Партизан да ги плати јапонскиот интернационалец и трошоците за постапката. Претходно ФИФА пресуди дека станува збор за сума од околу 460.000 евра.

Доколку не обезбеди средства, Партизан нема да може да регистрира засилувања во преодниот рок чиј почеток е закажан за 13 јуни.

Партизан имаше сличен проблем пред две години. Задолжувањето кон швајцарски Лугано поради трансферот на Филип Холандер ги чинеше црно-белите 18-месечна суспензија, изречена и од ФИФА. Клубот тогаш брзо реагираше и без проблеми влезе во летниот преоден рок во 2022 година.

Клубот од Хумска неодамна загуби спор со Немања Јовиќ. По Советот за решавање спорови, случајот стигна до Судот во Лозана./МИА

притисни ентер