Џафери: Нема законска основа за трошење средства за Советот за граѓански надзор

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги отфрли тврдењата на пратеникот од СДСМ Александар Кирацоски дека не овозможува услови за работа на Совет за граѓански надзор, тело што произлезе од Законот за следење на комуникациите. 

Со Законот вели, не е пропишано како и за што треба да се трошат средствата за Советот, кои се во рамки на собранискиот Буџет, и додека не се донесат измени на законот, тој не може да потпише никаков документ за трошење на средствата.

-Работата на Собранието е базирана на закон и Устав и секој кој ќе работи спротивно на тоа подлежи на соодветна одговорност. Легитимно право е на секој пратеник да има став по одредено прашање. Но, на претседателот на Собранието не му е потребен суфлер бидејќи не се наоѓа во театар, туку во Собрание, каде се пропишани процедурите и надлежностите. И покрај добрата волја да се овозможи можност за функционирање на Советот за граѓански надзор – дали да се добива надоместок дали патни трошоци или доусовршување не можам да предвидам за што можат да се трошат средствата бидејќи тоа законот не го предвидува, изјави Џафери.

Тој додава дека Собранието во рамки на своите надлежности во два наврати ги избрало членовите, но оти во законот никаде не е пропишана методологија на трошење на финасиски средства освен дека буџетот е во рамки на собаранискиот Буџет и оти Советот се сместува просторно во Собранието. Затоа, вели, било потребно да се донесат дополнувања на законот.

Пратениците, појасни, поднеле закон за дополнување кој заглавил во собраниски процедури поради тоа што се повлекол еден од предлагачите.

-Се додека не се донесат дополнувања и законски не се регулира трошењето на средствата јас нема да потпишам ништо, оти сето тоа би преставувало незаконско трошење на пари, истакна претседателот на Собранието.

Џафери не сакаше да ги коментира најавиде на Кирацовски дека поднел барање за автентично толкување на Законот. Не коментирам хипотетички прашања, доколку поднесат такво барање тоагаш ќе го кажам својот став. /МИА

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер