Џафери оствари средба со Комесарот Оливер Вархеји

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Комесарот за соседство и проширување на ЕУ Оливер Вархеји, во рамките на неговата работна посета на земјата. 

Претседателот Џафери изрази задоволство од повторната средба оваа година со комесарот Вархели и особена благодарност за добрите вести кои доаѓаат од Брисел оваа година, за напредокот на Република Македонија во процесот на евроинтеграции. Тој истакна дека Собранието ги исполни своите обврски во рамките на реформскиот процес во претходниот мандат и изрази надеж дека активностите, во соработка со опозицијата, ќе продолжат со несмалено темпо како и досега.

Претседателот Џафери изрази благодарност за континураната повеќедецениска поддршка на Европската комисија, Европскиот парламент и европските институции. Нашите напори кои до крајот на годината треба да се формализираат со влегување во новото поглавје од пристапниот процес - отпочнување на преговорите за членство во Унијата и организирање на првата меѓувладина конференција во рамките на германското претседателство со Советот на ЕУ, констатираше Џафери.

Комесарот Вархеји срдечно се заблагодари за можноста да говори пред пратениците во Собранието, кое го оцени како привилегија на директно обраќање кон граѓаните на Република Македонија. Според него, покрај Извештајот за напредокот и Стратегијата за проширување, во фокусот на Комисијата е предложениот економски план за регионот, што е особено значаен за натамошен развој на секоја земја поденинечно, но и посредно на Унијата во целост.

Економскиот план има за цел пред сè целосно да го промени и подобри животот на граѓаните во регионот на Западен Балкан, со акцент на инфраструктурата, дигитализацијата како алатка за унапредување на економскиот развој, привлекувањето на инвестиции, отворањето на нови работни места, особено за младите. Овој пакет доаѓа со предуслови кои секоја земја аспирант ќе мора да ги прифати и спроведе и во таа насока, улогата на Собранието во тој процес е од исклучително значење во донесувањето на одлуките во соодветно време и со соодветна содржина, заклучи Комесарот Вархеји.

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти ширум светот.

„Многу конфликти во Азија, Америка, Северна Африка и Блискиот Исток произлегуваат од споровите околу изворите на вода. Поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти“, рече Ердоган на собирот посветен на земјоделството организиран од турската државна банка Зират во Истанбул.

За договорот за црноморското жито од 2022 година, со посредство на Турција и ОН меѓу Русија и Украина, Ердоган оцени дека, да не беше договорот во кој посредуваше Турција, „многу подрачја ќе се соочија со глад, особено африканските земји. .

Тој нагласи дека Турција, сред пандемијата „Ковид-19“ и војната во Украина, „го спречи влошувањето на ситуацијата обезбедувајќи минување на 33 милиони тони жито“ низ нејзиниот теснец./МИА

Десетици загинати и ранети во нападот на израелските сили врз Џабалија и Рафа

Израелски војници и тенкови денеска влегоа во северните делови на Појасот Газа кои ги заобиколуваа повеќе од седум месеци, убивајќи и ранувајќи десетици Палестинци, соопштија медицински претставници и жители.

Израелските сили, исто така, зазедоа дел од теренот во Рафа, јужен град во близина на египетската граница, кој е преполн со раселени луѓе.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили продолжиле да дејствуваат во областите низ Појасот Газа, вклучително и Џабалија и Рафа, спроведувајќи, како што ИДФ ги нарече, „прецизни операции против терористите и инфраструктурата“.

„ИАФ (Воздухопловните сили) продолжуваат да дејствуваат во Појасот Газа и нападнаа над 70 терористички цели во текот на изминатиот ден, вклучително складишта за оружје, локации во воената инфраструктура, терористи кои претставуваа закана за војниците на ИДФ и воените комплекси“, се наведува во соопштението на израелската армија./МИА

Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче

Во делчевското село Вирче пронајдена е стара неексплодирана граната. Случајот е пријавен од жител на селото кој експлозивната направа ја пронашол во својот двор. 

-Во Пoлициската станица Делчево, А.М.(60) од с.Вирче, делчевско, на 17.05.2024 во 19.50 часот пријавил дека при извршување градежни работи во неговиот двор пронашол една стара неексплодирана граната, се вели во информацијата од делчевската полиција.

Гранатата по извршениот увид била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

притисни ентер