Џоли низ солзи проговори за разводот со Бред: Ќе останеме семејство (видео)

Анџелина Џоли за прв пат проговори за тешката разделба со Бред Пит.

Актерката низ солзи изјави за BBC News дека со отуѓениот сопруг секогаш ќе останат едно семејство.

Џоли ги опиша неделите пред и по поднесувањето на нејзиното барањето за развод како “многу тежок период”.

Анџелина за таткото на шесте деца го изјави следново: „Не сакам да зборувам многу за тоа, освен дека се уште ми е многу тешко и дека ние ќе останеме едно семејство. Многу луѓе се наоѓаат во оваа ситуација“.

41-годишната актерка поднесе барање за развод во септември минатата година, барајќи целосна старателство над деца од Пит, што тој го оспори на суд.

Дел од горчливата судска битка стана јавна, а Бред беше обвинет од партнерот за агресија врз некои од нивните деца, за употреба на дрога и за претерување со алкохолот.

„Се обидувам да се справам со ситуацијата. Тоа на некој начин ме направи посилна “, дополнува Џоли.

Во моментов ѕвездата е во Камбоџа со 4 од 6-те деца за премиерата на филмот “First They Killed My Father”.

Филмот раскажува за геноцидот извршен од Црвените Кмери.

Токму од таа земја Џоли го посвои најголемото дете Медокс(15) во 2002 година.

Инфантино најави голема промена во користењето на ВАР системот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја објави големата вест во врска со употребата на ВАР на конгресот на светската фудбалска федерација во Бангкок. 

Тој изјави дека сега тренерите ќе имаат право да бараат проверка со ВАР системот два пати по натпревар.

-Ќе го развиваме и подобруваме ВАР. Овој систем го користат 65 национални асоцијации, но сега ќе го подобриме. Создадовме поосновна технологија со помалку камери и без судии да одлучуваат, така што е достапен за сите и полесен за имплементација Овој систем веќе се тестира, започна Инфантино.

Тоа ќе функционира така што тренерот на секој тим има право да бара помош од ВАР двапати по натпревар. Ако првобитната одлука на судијата се смени по таквата барана ревизија, тимот што бара преглед сè уште има право на два прегледи.

-Доколку по ваквата барана проверка, ВАР ја потврди одлуката на судијата на теренот, тогаш тимот што го побарал го губи правото на проверка на негово барање, изјави Инфантино. /МИА

Тухел: Не се договоривме со Баерн, ова е мојата последна прес-конференција овде

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел денеска и официјално соопшти дека нема да остане на кормилото на баварците.

Во последните неколку дена имаше информации дека тој би можел да продолжи да го води тимот, иако веќе во февруари клубот објави дека двете страни ќе се разделат на крајот од сезоната.

„Ова е мојата последна прес-конференција на Зебенер Штрасе (клупската база на Баерн). Водевме разговори, но не постигнавме договор, така што одлуката од февруари останува на сила. Очигледно е тешко. Резултатите како оние во Лигата на шампионите против Лацио, Арсенал и Реал Мадрид не сплотуваат. Повратните информации од последните недели беа основа за да имаме дискусија. Но, не можевме да постигнеме договор. Причините нема да ги именувам. Договорот од февруари останува на сила, објасни Тухел

Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел

На Украина и треба повеќе оружје со долг дострел за да се бори против руското напредување во регионот Харков, каде ситуацијата на бојното поле е „многу драматична“, изјави денеска шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок.

На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Советот на Европа во Стразбур, таа потенцира дека е важно да се прекинат руските патишта за снабдување и да ѝ се даде на Украина оружје „што може да се користи на средни и долги растојанија“.

Таа наведе дека Берлин соработува со своите партнери по ова прашање и дека ситуацијата на фронтот е „исклучително тешка“.

притисни ентер