Дневен хороскоп за 12. декември 2023 година

Дневен хороскоп за вторник, 12. декември 2023 година. 

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Во своите љубовни очекувања денеска ќе бидете поскромни ,а со тоа и постабилни и посреќни. Тоа е зрелост.

Кариера

Доколку помислите дека ништо не ви оди од рака , поработете на својата воздржаност и трпение. Ќе биде подобро.

Здравје и совет

Одморете си ги нозете .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Чувствителноста на саканата личност ќе ви предизвикува дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и пријатни.

Кариера

Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас , па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи.

Здравје и совет

Радувајте се на она што е добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете особено сентиментални и ранливи. Има голема веројатност дека другата страна ќе ве повреди.

Кариера

Можни се натегања со претпоставените и тоа за ситни работи за кои не се согласувате. Не почнувајте кавга , туку работете како што треба.

Здравје и совет

Верувајте им на другите .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Сега се е јасно и без притисок може да уживате со саканата личност. Оние кои се сами , добро се забавуваат.

Кариера

Вашите претпоставени денеска ќе покажат смисла за креативност, но во одлучувањето ќе бидат необјективни.

Здравје и совет

Поработете на флексибилноста на телото.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Веројатно ќе добиете покана за да излезете , каде ќе ви биде загарантирана добра забава , пријатно друштво и пријателски односи.

Кариера

Освен што сте професионални , ќе покажете и дека сте и одличен психолог , со што ќе си обезбедите дополнителни поени на работното место.

Здравје и совет

Преспијте пред одлуките.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Можно е решение на некој семеен проблем што долго ве измачувал. Веројатно ќе најдете заеднички јазик.

Кариера

Најверојатно дека ќе постигнете добар договор во врсјка со спонзорирање на еден проект во кого се сомневавте.

Здравје и совет

Алтернативната терапија може да има добро влијание.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашите лични односи добро се развиваат ,а денеска во нов ќе се обидете да внесете повеќе фантазија и флексибилност.

Кариера

Се што ќе работите денеска од вас ќе бара поголем праг на толеранција , а за некои и поголема способност за соработка.

Здравје и совет

Бидете искрени кон сите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во дртуштво на пријателите ќе се смирите и ќе престанете да дивеете поради нервозата што ве наведувала на грешкиво чекори.

Кариера

Додека се одморате во тишината на својот дом себесди се замислувате на повисока позиција на работното место. Продолжете да сонувате.

Здравје и совет

Осмислите ги прашањата пред да ги поставите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Се прашувате колку дена ќе бидат потребниза другите да ве сфатат и разберат. Потрудете се да се изјаснувате појасно и се ќе си дојде на своето место.

Кариера

Денеска по прашање на финансиите би можеле да се покажете како вистински финансиски волшебник , кој може да се справи со секаков проблем.

Здравје и совет

Бидете конкретни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Мал чекор ве дели од помирувањето и квалитетниот однос , но потребно е уште мало трпение.

Кариера

Ќе договарате деловни планови без проблем , а другите ќе ви помагаат. Во сето тоа до израз ќе дојде вашата заводливост.

Здравје и совет

Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Пред вас е искушението да се согласите на некои отстапки , иако не ви е по волја.Најдете компромис.

Кариера

На работното место се ќе се одвива површно ибез значителни достигнувања. Денот ќе ви летне , а вие ќес е прашувате што сте сработиле.

Здравје и совет

Имате форма на која ви завидуваат.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние кои сеуште се сами имаат шанса да воспостават блиска врска со личност со која што работат или со која се познаваат преку работата.

Кариера

Очекувајте нови , големи задачи на кои вреди да им се посветите со полно внимание. Денеска ќе ги анализирате.

Здравје и совет

Премногу се грижите.

Британската полиција уапси екстремен десничар, нашле радиоактивен материјал за правење бомба

Антитерористичката единица на полицијата во градинарска барака пронашла радиоактивен материјал неопходен за правење на таканаречената „валкана бомба“ и го уапсила екстремниот десничар (31).

Како што пренесува Дејли Меил, случајот кој привлече големо внимание во јавноста се случил на имот во Хајд Роуд во Бедфордшир.

Полицијата апсењето го извршила на 6 мај, а во пријавата се наведува дека приведениот живеел со родителите. Тој е опишан како осаменик со „Аспергеров синдром“, форма на аутизам. Нему му е одредена кауција, а при подоцнежниот претрес на имотот биле пронајдени и други „сомнителни материи“.

По апсењето, случајот е предаден на Метрополитен полиција и осомничениот повторно е приведен поради поседување материјал наменет за терористички цели. Овој пат тој е приведен во полициски притвор. Инспекторите нашле нацистички материјал кај него.

Полицијата извршила претрес по дојава дека на таа адреса се чуваат „сомнителни материи“. Специјалниот тим потоа извршил контролирана експлозија од мали размери во блиското поле со цел да го уништи пронајдениот материјал од хемиско потекло.

Таблоидот „Сан“ прв објави дека истражителите во специјални заштитни одела и со гајгерови бројачи ја мереле радиоактивноста кога дошле на имотот.

Локалните жители тврдат дека уапсениот бил самотник и дека ретко излегувал надвор, а кога излегувал секогаш носел качулка и го криел лицето. Мајката на уапсениот изјавила дека хемијата била негово хоби и дека тој нема никаква врска со тероризам.

„Веруваме дека нема понатамошен ризик за локалното население или општата јавност. Еден маж од Бедфордшир е уапсен под сомнение за дела поврзани со тероризам. Пронајдени и запленети се голем број осомничени лица“, се вели во соопштението на полицијата.

Масерати од 750КС изгледа како Бетмобил и „лета“ со 335 км/час (ВИДЕО)

Mansory ја покажа својата најнова креација за Maserati MC20 која има неодолива сличност со Batmobile.

Познатиот тјунер објави дека MCX Pergusa е достапен во ограничен број, односно само пет примероци, што покажува колку внимание посветиле на овој дизајн бидејќи е уште поексклузивен во споредба со претходните проекти.

Нови се карбонските делови на каросеријата, промените во внатрешноста и подобрениот погон. И можеби овој модел потсетува на Mansory's MC20 Widebody, но оваа верзија има нов отвор за воздух, малку поинаква аеродинамика заедно со веќе споменатата каросерија.

MCX има поголеми доводи за воздух на предниот дел на автомобилот, бројни отвори на хаубата и браниците, а профилот открива 21-инчни предни и 22-инчни задни бандажи. Има и пошироки штитници за кал, поголеми доводи за ладење и помасивни прагови на вратите.

Назад има големо крило, хаубата е испреплетена со повеќе отвори и има двоен дифузер со четири издувни цевки.

Во традицијата на Mansory, внатрешноста може да се прилагоди според вкусот на купувачот. Презентираниот пример има портокалов и црн тапацир, безбедносните појаси се во портокалова боја и го имаат логото Mansory на нив, а златни детали ја красат централната конзола заедно со повеќе карбонски влошки.

Што се однесува до техничките аспекти, Mansory се забавуваше со електрониката на моторот и го инсталираше својот издувен систем со високи перформанси. Сега 3.0-литарскиот V6 твин-турбо мотор развива импресивни 750 КС и 880 Nm вртежен момент.

Тоа е значително зголемување од 120 КС и 150 Nm повеќе од стандардниот Maserati MC20.

MCX забрзува од 0 до 100 km/h за 2,6 секунди, што значи дека му се потребни 0,3 секунди помалку за да достигне 100 km/h во споредба со стандардниот модел. Максималната брзина е зголемена за 10 km/h на 335 km/h.

Цената за тие пет ексклузивни примероци не е позната.

Дали Ердоган ги штити терористите- над 1.000 припадници на Хамас се лекуваат во турски болници

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган (70) изјави дека повеќе од 1.000 членови на милитантната палестинска организација Хамас, која многу земји ја сметаат за терористичка група, се лекуваат во болниците низ Турција.

Ердоган, како што пренесува „Гласот на Америка“, го ревидирал својот став дека Хамас е „движење на отпорот“.

Турски функционер набрзо се огласи и појасни, велејќи дека претседателот погрешил и мислел дека луѓето од Појасот Газа се лекуваат во болниците во Турција.

„Ако го наречете Хамас терористичка организација, тоа ќе нѐ растажи“, рече Ердоган по состанокот со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Анкара.

Токму Мицотакис, зборувајќи за војната во Израел, го нарече Хамас терористичка организација, што очигледно го погоди Ердоган:

„Не мислиме дека Хамас е терористичка организација. Повеќе од 1.000 членови на Хамас се лекуваат во нашите болници“, рече турскиот претседател.

Сепак, турски функционер кој сакал да остане анонимен, појаснил дека претседателот генерално мислел на Палестинците од Појасот Газа, каде што Хамас е на власт, наместо на самите членови на оваа милитантна група.

„Претседателот се изрази погрешно, мислеше на 1.000 жители на Газа кои се на лекување, а не на членовите на Хамас“, рече тој.

Агенцијата Ројтерс неуспешно се обиде да го утврди потеклото, односно кои се Палестинците кои се лекуваат во Турција. Во ноември минатата година, властите во Анкара објавија дека помагаат да се евакуираат десетици ранети или повредени жители на Газа, вклучително и голем број заболени од рак и нивни придружници, откако Израел започна копнена офанзива на оваа палестинска енклава.

притисни ентер