Дневен хороскоп за 13. април 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 13. април 2024 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Среќни сте што другата страна ве разбира или барем така ви се чини. Сега запрете со празни зборови и причекајте состојбата да се подобри.

Кариера

Ако некои од вашите колеги се жали на работата, треба да му се објасни дека треба да се работи користејќи ги сопствените знаења и искуства.

Здравје и совет

Немојте да бидете премногу дрски.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе ги заборавите прашањата што ве измачуваа и во позитивен дух продолжувате понатаму. Ќе увидите дека таквиот пристап е поздрав.

Кариера

Некој сепак ќе мора да попушти , а тоа ќе биде онаа попаметната страна Прифатете ги новите предизвици кои се пред вас.

Здравје и совет

Преоден пад на имунитетот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска почнува вашиот поволен љубовен период. Се отвораат шанси за излегувања на многу интересни места.

Кариера

Оние кои работат креативна работа , ќе бидат многу современи во своето изразување и идеите. И натаму шефовите ве нервираат.

Здравје и совет

Неопходно ви е релаксирање.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Барањата за внимание кон еден член ан семејството накусо ќе ве оддалечи од саканата личност.

Кариера

Денот е добар за разработување на стручни стратегии со кои ќе ја унапредите работата на местото каде што сте вработени.

Здравје и совет

Верувајте му на вашето шесто чуло.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашата верба во љубовта ќе биде доволна гаранција за да си дозволите еден на друг самостоен излез и забава во друштво.

Кариера

Ќе посакате вашата работа да биде посериозна , но тоа е само минлива желба. Всушност, се е на своето место.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе бидете разиграни и подготвени на разни палавштини. Доколку ја вклучите и смислата за хумор, би можеле убаво да се забавувате.

Кариера

Од секогаш сте ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара умешност на рацете.

Здравје и совет

Подобрување.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе си признаете себеси дека би можело да биде и подобро , но денеска не е ден кога сте подготвени да дадете се од себе . Затоа не правете драма.

Кариера

Пуштете им на другите , а особено на надредените , да ги покажат своите планови. Вие не сте судија , туку доброинамерен соработник.

Здравје и совет

Вежбајте дисциплина.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во своето љубовно секојдневие ќе внесете оригинални идеи , а најверојатно на ручек или вечера за само вас двајцата.

Кариера

Пред вас е убава деловна можност за добра и интересна работа , што ќе дојде ненадејно. Ќе мора бргу да реагирате.

Здравје и совет

Потсетете се што е тоа што го сакате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Како што ќе минува денот, ќе забележувате како вашиот приватен живот ќе добива нов сјај и се враќа во рамнотежа.

Кариера

Ненадејно би можело да се укаже можност за деловна соработка со пријатели. Станува збор за работа поврзана со естетика.

Здравје и совет

Ќе ви недостига сила , штедете се.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И денеска е убав ден за дружење.Можете да излезете и убаво да се забавувате , било да сте сами или во двојка. Уживајте.

Кариера

Ќе продолжите со напорната работа без притисоци. Ќе се чувствувате сигурно и опуштено , а другите ќе ве поддржат.

Здравје и совет

Малите грижи уште повеќе се намалуваат.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои ќе бидат загрижени поради осаменоста , па утеха ќе побараат во неврзано муабетење со кафе. Ќе им биде забавно , но односите се површни.

Кариера

Ќе се потрудите работата да ја завршите што побргу зашто нема да ви се работи. Резултатите ќе бидат половични , а можни се и грешки.

Здравје и совет

Размислете за своите достигнувања.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Оние кои се во врска ќе се обидат да си го збогатат својот сексуален живот заедно со партнерот. Оние кои се сами , ќе се обидат да најдат друг вид забава.

Кариера

Нема да дозволите да се занимавате со неважни работи , туку целосно ќе се посветите на вашата главна цел. Ќе бидете во право.

Здравје и совет

Држете се до познатите навики.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер