Дневен хороскоп за 15. април 2024 година

Дневен хороскоп за понеделник, 15. април 2024 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе се чувствувате како да не можете да се фатите за ништо што е сигурно. Во право сте, но размислете и ќе увидите дека сами сте виновни за тоа.

Кариера

Пред вас е по малку хаотичен ден . Шефовите ќе бараат едно , вие ќе работите друго , а резултатот ќе биде нешто трето.

Здравје и совет

Приберете се во мир и тишина.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашиот шарм и настапот полн со самодоварба ќе ги освои и најтврдокорните. Само напред.

Кариера

Најмногу ќе ве интересира она што е нереално. Многумина денеска ќер се покажат како одлични истражувачи , а особено за човечки души.

Здравје и совет

Со задоволство ќе волонтирате.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денешниот ден би можел да ви донесе збрка и фрустрации во личните односи. Затоа намалете ги очекувањата.

Кариера

Не е проблемот ниту кај вас ниту кај другите , туку во ситуацијата што бара максимална концентрација од сите вработени.

Здравје и совет

Следете ја својата цел.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Не постои нешто што може да ве одврати од саканата личност . хармионија , добри намери и атмосфера што оди во ваша полза.

Кариера

Некои ќе ги разгледуваат можностите за професионално усовршување. Ќе им изгледа како уште многу работи да може да постигнат.

Здравје и совет

Согледајте ја целината.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе се потрудите да бидете пристојни и со љубезниот однос да ја надминете празнината во личните односи.

Кариера

На мирен начин одлично ќе се поврзете со надредените , како и со подредените. Сите ќе изгледаат како големо семејство.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашиот љубовен живот денеска ќе доживее ренесанса. Се ќе ви оди од рака , а на ва останува само да го искористите тоа.

Кариера

Сеуште се двоумите околу една финансиска понуда. Сепак , се повеќе ги увидувате нејзините предности.

Здравје и совет

Вежбајте повеќе.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Одличен ден за дружби , поврзување со луѓето , обнова на пријателствата или на љубовните врски. Искористете го.

Кариера

Сите работни задачи што бараат кореспонденција , шарм , љубезност и одржување на контакти , ќе ви одат денеска од рака.

Здравје и совет

Одете порано на спиење.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Пред вас се нови можности. Луѓето околу вас ќе ви бидат наклонети , па ви претстојат нови познанаства.

Кариера

Некои ќе се занимаваат со мали финансиски трансакции на сосема необичен начин. Ќе постигнат резултати.

Здравје и совет

Поврзете се со луѓето од вашата околина.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Личност што работи со вас би дала се за да ве запознае малку подобро. Можеби и ќе се обиде да ви се приближи.

Кариера

Креативците добро ќе работат и ќе уживаат во работата. На другите ќе им недиостига храборст за да повлечат смели потези.

Здравје и совет

Сепак сте задоволни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Се ќе ви оди од рака што се однесува до љубовниот живот. Потрудете се да бидете поискрени и поотворени со партнерот. Ќе ви се врати.

Кариера

Денот е добар за поврзување со луѓе и за креативни работи. Ќе ги покажете своите таленти во овие области.

Здравје и совет

Оние во врска навистина ќе уживаат.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ретко кога зборовите не ви излегуваат на вистински начин , но токму денеска е таков ден. Молчете и сакајте без објаснувања.

Кариера

Постои можност за недоразбирање со соработниците. Затоа контролирајте ги комуникациите, договорите и предлозите.

Здравје и совет

Опуштете се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ако излезете меѓу луѓе , ќе наидете на низа шанси за пријатни познанаства од површен карактер. Забавата е сигурна.

Кариера

Малку ќе забавите , но колегите околу вас нема да ви дозволат да запрете со работата. Со своите контакти ќе ве поттикнуваат да продолжите.

Здравје и совет

Емотивна празнина.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер