Дневен хороскоп за 22. март 2024 година

Дневен хороскоп за петок, 22. март 2024 година.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Одлично ќе се снаоѓате во личните односи , зашто фантазијата и интелектот ќе ви бидат сојузници. Само мерете ги зборовите.

Кариера

Некој од далеку би можел да ви пружи рака за соработка или ќе предложи продолжување на старата деловна врска.

Здравје и совет

Разгледајте ги внимателно сите опции.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Од идеја до реализација има долг пат , а денеска малку ќе скршнете од светот на илузиите. Гледајте ја личноста пред вас таква каква што е.

Кариера

Веројатно некој од вашите надредени денеска ќе се посрамоти поради непрофесионалност и тоа ќе биде озборување на денот.

Здравје и совет

Издвојте го важното од купот небитни работи.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вас како ништо да не може да ве запре во забавите . Сепак , дел од денот ќе мора да му го посветите на семејството.

Кариера

Работата денеска ќе се одвиува вообичаено , а вам ќе ви биде помалку здодевно.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе си дозволите малку повеќе уживање и ќе се препуштите на спонтаноста. Тоа ќе ја унапреди вашата врска.

Кариера

Во деловната кореспонденција ќе се покажете како многу подготвена личност , која знае пластично да ги објасни своите очекувања.

Здравје и совет

Поврзете се со луѓето.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашата сакана личност денеска ќе ,,ви јаде од рака”. Ќе биде чувствителна и ќе бара ваша заштита и нежност.

Кариера

Ќе ви недостига тактичност и трпение за некои ваши соработници , кои не се снашле најдобро. Најдете време и за нив.

Здравје и совет

Ви треба повеќе сон.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Освен што и натаму добро се забавувате, денеска ќе се потрудите да се надминете. внимавајте до каде смеете да одите.

Кариера

Ќе се послужите со многу креативна идеја , за да решите еден мал деловен проблем.

Здравје и совет

Немојте да се опијаните.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Нема долго да чекате додека личност од вашата работна средина не ви ја открие својата наклонетост. Денеска ќе има можност за тоа.

Кариера

Малку повеќе труд вложете во својата работа , па нема да изостанат резултатите. Соработувајте со другите колеги.

Здравје и совет

Не може вечно да се живее на стара слава.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

И партнерот и вие ќе бидете во емотивна фаза, но секој на свој начин. Бидете поотворени кон саканата личност.

Кариера

Тешко ќе се договарате околу работата , зашто едноставно нема да ви се работи .Обидете се барем да го одработуите минимумот.

Здравје и совет

Ви недостига дисциплина.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Можно е дека ќе ве окупираат љубовни сеќавања или ќе ве допре една личност од вашето љубовно минато.

Кариера

Ќе има мали несогласувања меѓу колегите , а вие ќе бидете третата страна која ќе се обидува да ги усогласи.

Здравје и совет

Ќе сонувате исклучителен сон.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата потреба за љубов ќе биде зголемена , а шансите намалени. Од таму се фрустрациите.

Кариера

Бидете доследни во спроведувањето на она што сте го ветиле. Така ќе го подигнете сопствениот рејтинг на работното место.

Здравје и совет

Пазете се од вирози.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ве изненади повик за излегување со поголема група луѓе. Не се двоумете , прифатете и ќе ви биде убаво.

Кариера

На виделина излегуваат плодовите на вашата работа и сега е целосно јасно колкави се вашите заслуги.

Здравје и совет

Опуштете се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска ќе добиете покана од пријатели за мала забава.

Кариера

На работа ќе ги средувате заостанатите помали работи, а шансата што ја добивте се развива како што треба.

Здравје и совет

Подобрување.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер