Дневен хороскоп за 23. јули 2023 година

Дневен хороскоп за недела, 23. јули 2023 година. 

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Некои по длабоките анализи ќе почнат да зрачат со самодоверба , па така ќе им пристапуваат на лицата од спротивниот пол .

Кариера

Финансии и комуникации ќе бидат главно обележје на денот , а во овие активности ќе бидете сериозни и успешни.

Здравје

Можете малку да се опуштите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска ќе измешате сензуалност со идеализам , а некои ќе бараат и неможни работи. Сепак , ќе се чувствувате добро.

Кариера

Се повеќе се стремите кон повисоки цели , но за тоа се потребни и знаења. Затоа ќе ве препрашуваат и тестираат.

Здравје

Не се предавајте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Веројатно денеска ќе бидете расположени да покажете повисоко ниво на чувствителност отколку вообичаеното. Тоа ќе му се допадне на партнерот.

Кариера

Ќе ве побараат за соработник или ќе прашуваат за ваше мислење или совет . Бидете објективни и проценувајте без емоции.

Здравје

Одвојте го деловното од приватното.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Доаѓате до заклучок за важна одлука или фаза што ќе влијае на статусот на вашата врска. Се е под контрола , но не се залетувајте.

Кариера

Ќе имате силна желба и потреба да ги презентирате своите способности , но нема да добиете можност за тоа. Почекајте малку.

Здравје

Посветете се на себеси.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Оние кои се можеби цел на додворувачи, денеска ќе бидат под нивно влијание. Оние во врска ќе бидат добро.

Кариера

Добродушност , наивност и попустливост ќе бидат обележје на вашето однесување кон другите на работа.

Здравје

Може да покажете мал отпор.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите грижи и проблеми. Бидете отворени и не носете заклучоци.

Кариера

Иние пред кои ќе се најде некаков договор , добро нека го проанализираат секој детал , па ќе видат дека не е целосен. Треба да се доработи , дополни.

Здравје

Почекајте подобро време.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Весели дружби и забави ќе се мешаат со интуицијата , што ќе ви овозможи лесно да читате меѓу редови.

Кариера

Ќе работите вредно и посветено , а во работата ќе внесете и доза креативност. Тоа ќе биде добар обид.

Здравје

Ви претстои интересен сон.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Подобрување на личните односи ќе бидат поврзани со можност за излегување на итересни места полни со весели луѓе.

Кариера

Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место , зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се се подобри.

Здравје

Дишете со полни гради.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе се трудат да бидат толку љубезни што ќе ја нервираат другата страна. Ако се не е идеално , прилагодете се и бидете природни.

Кариера

Ќе чувствувате како стрелката на часовникот да се приближува кон крајната линија зад која почнувате нешто сосема ново.

Здравје

Трпение , спасение.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои ќе размислуваат за измени во односите со саканата личност , но подобро ништо да не решаваат или да носат заклучоци.

Кариера

Многумина ќе треба да бидат на услуга на своите соработници , но нема да им биде тешко. Можна е мала здодевност на работата.

Здравје

Земајте витамини.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Радоста ќе се меша со нови знаци , кои ќе ви даваат нови инфомации и ќе ве наведуваат на нови љубовни активности.

Кариера

Важно е денеска да го слушате својот внатрешен глас , зашто тој ќе ви биде најдобар патоказ за успех.

Здравје

Не зборувајте напразно.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Убавиот развој на личните односи ќе ве натера да ги подобрите со идеја за излегување , каде убаво ќе си поминете.

Кариера

Тешко е нешто да ве загрози или да ве одврати од она што го работите . Се тече добро , стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки.

Здравје

Одлично се чувствувате.

Вучиќ утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на резолуцијата за Сребреница

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека утре ќе отпатува за Њујорк, каде со делегацијата ќе се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница, која наредната недела е на дневен ред на Генералното собрание на ОН, а амандманите кои Црна Гора ги поднесе на резолуцијата ги нарече „валкана игра“.

„Утре одиме во Њујорк, четири до пет дена ќе поминеме во Њујорк, ќе имам голем број средби, а во четврток сите заедно ќе се бориме“, истакна денеска Вучиќ во телевизиско интервју.

Тој рече дека со него во делегацијата треба да одат само оние кои се „подготвени за борба на секој можен начин“.

Предлагачите на нацрт-резолуцијата за Сребреница ја утврдија конечната верзија на тој документ, за кој ќе расправа Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) на 23 мај, а во преамбулата на текстот стои дека „кривична одговорност според меѓународното право за злосторството геноцид е индивидуализирана“.

Иницијатори на предложениот текст беа Германија и Руанда, а амандманите на нацртот беа поднесени од Владата на Црна Гора.

Осврнувајќи се на амандманите што Црна Гора ги достави на резолуцијата за Сребреница, а кои главно беа прифатени, Вучиќ тоа го нарече „валкана игра“.

„Тоа е валкана игра и перфиден трик. Тие намерно оставаат простор за јасен заклучок за морална и политичка одговорност“, рече Вучиќ и додаде дека по враќањето од Њујорк ќе каже со кого за тоа преговарата Црна Гора. /МИА

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж утре ќе дознае дали е изгубена неговата 13-годишна правна битка против екстрадицијата од Велика Британија во САД, каде што е обвинет за шпионажа.

Двајца судии на Високиот суд во Лондон утре ќе одлучат дали британскиот суд ги прифаќа гаранциите од Вашингтон дека Асанж (52) нема да се соочи со смртна казна за време на судењето за шпионажа во САД и ќе може да се повика на правото на слобода на говорот од првиот амандман.

Адвокатскиот тим на Асанж вели дека опциите се отворени - тој би можел да се најде во авион за Америка во рок од 24 часа, би можел да биде ослободен или неговиот случај да оди во нова, повеќемесечна правна процедура.

„Имам чувство дека се може да се случи во оваа фаза. Може да биде екстрадиран или да биде ослободен“, изјави сопругата на Асанж, Стела минатата недела.

Викиликс објави стотици илјади доверливи американски воени документи за американските војни во Авганистан и Ирак, како и голем број дипломатски телеграми, поради што американското обвинителство го товари Асанж за кршење на Законот за шпионажа. /МИА

Маск пристигна на Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан.

Американскиот милијардер Илон Маск денеска пристигна на индонезискиот остров Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк на Спејс Икс за индонезиската Влада, која се надева дека со тоа ќе го зголеми продорот на интернет и здравствените услуги во оддалечените делови на огромниот архипелаг.

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан и најави дека ќе разговараат за соработка, вклучително и достапност на Старлинк.

Панџаитан истакна дека еднаквиот пристап до Интернет низ Индонезија, островска држава во Југоисточна Азија со повеќе од 270 милиони луѓе кои живеат во три временски зони, ќе им овозможи на луѓето во оддалечените области да уживаат во истата удобност на Интернет со голема брзина, како и оние во урбаните области.

„Старлинк доби лиценца за работа во Индонезија како давател на интернет сервис провајдер“, потврди Панџаитан.

Маск попладне ќе присуствува на промоцијата на Старлинк со индонезискиот претседател Џоко Видодо. Индонезија е третата земја во Југоисточна Азија каде што ќе функционира Старлинк, по Филипините и Малезија./МИА

притисни ентер