Дневен хороскоп за 29. април 2024 година

Дневен хороскоп за понеделник, 29. април 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе бидете настроени во целост да се впуштите во вашите фантазии , а вашите врски со љубовната реалност ќе се намалат.

Кариера

Денеска уметниците меѓу вас би можеле добро да работат. Другите ќе имаат пречки , не во идеите , туку во реализацијата.

Здравје

Можни се илузии.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе настојувате саканата личност да ја наведувате на дневните тековни работи и така да ја приближите до реалноста.

Кариера

Ќе има некаква реорганизација на работното место . Новините се однесуваат на условите за работа , колегите , услугите и слично.

Здравје

Продолжете со новите здрави навики.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои биле на чекор до вљубување, денеска конечно ќе сфатат дека сакаат и поотворено ќе тргнат кон таа насока.

Кариера

Нови периоди им следуваат на вработените во спортски , педагошки и забавбни дејности , а другите остануваат креативни.

Здравје

Дотерајте се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Друштвеноста и отвореноста денеска ќе бидат вашите главни квалитети. Оние кои уште се сами , ќе успеат набрзина да остваруваат контакти.

Кариера

Ќе се мерат вашите заслуги во работата. Истовремено ви доаѓаат прекрасни идеи полни со креативност.

Здравје

Прошетајте се на свеж воздух.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Фантазијата денеска ќе ви работи стотка на час. Некои во саканата личност ќе видат нешто што таа воопшто не е. Можни се нереални проценки.

Кариера

Ќе бидете способни да реагирате брзо и тактично. Ќе успеете да помагате и да читате меѓу редови таму каде што никој нема да може.

Здравје

Ова е ден на вашата сестраност.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

До личноста што ја сакате ќе се обидете да дојдете со помош на гастрономски специјалитети . Веројатно е излегување на вечера со морско мени.

Кариера

Ќе се снаоѓате балансирајќи меѓу барањата на другите и своите планови и желби. Ќе успеете да најдете некаква средина.

Здравје

Не се нервирајте.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веројатно ситуацијата ќе ве наведе на тоа максимално да е фокусирате на партнерот. Ќе размислувате како да продолжите заедно.

Кариера

Доколку договарате нова работа или проект, почекајте со одлуката барем до попладневните часови , зашто тогаш се ќе ви биде појасно.

Здравје

Намален имунитет и енергија. Одморете се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Можно е со својата љубов малку да го задушувате партнерот. Дозволете му малку повеќе слобода.

Кариера

Вашите шефови на една , вие на друга страна . Сепак , не станува збор за судир , туку за различни методи до истата цел.

Здравје

Не играјте отворено .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денеска вашите пријатели ќе ве поттикнуваат и инспирираат за љубов.

Кариера

На некои вашите заслуги во работата нема да бидат целосно јасни , па ќе мора малку повеќе да се докажувате. Ќе бидете креативни и успешни.

Здравје

Вежбајте гимнастика.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска би можеле убаво да се забавувате , доколку излезете на место каде што име уметнички содржини. Игнорирајте ги фалбаџиите.

Кариера

На работното емсто ќе се озборува , а лажните приказни ќе бидат главните настани. Не обрнувајте внимание на ништо од тоа , туку работете она што требате.

Здравје

Останете будни и подготвени за промени.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Откако ќе одработите дел од ,,домашните работи” , повторно ќе се свртите кон партнерот или кон личноста од работното место која ве сака.

Кариера

Не сте свесни пред какви можности се наоѓате. Освен што можете да покренете голем број новини , тука се и стабилните работи.

Здравје

Подобро отворете ги очите.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Пртед вас е ден во кој одлично ќе ги поврзете своите внатрешни потреби со луѓето околу вас.

Кариера

Контактите и комуникациите со лица од странство се засилуваат. Денеска ќе преговарате околу некои детали.

Здравје

Ниту заморот не ве запира.

Утре и задутре „Графити фест“ во Куманово

Во Куманово во урбаната месна заедница „Панче Пешев“ утре и задутре со почеток во 12 часот ќе се одржи шестиот „Графити фест“, најавија организаторите, „Форма Куманово“.

На фестивалот ќе цртаат уметници од повеќе држави, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Турција, Хрватска Словенија, Германија. Организаторите велат дека се обидуваат на секој начин да го разубават градот и да поттикнат да се развие оваа современа уметност и дел од урбаната култура.

Младен Трендевски од „Форма Куманово“ ги повика кумановци да го проследат „Графити фест“, на кој покрај уметници-цртачи, ќе има и целодневна музичка програма на која ќе настапат македонски диџеи, ќе има промотивни штандови и забава за сите генерации. Цртачите ќе цртаат на слободна тема на површини во урбаната заедница. Шаренилото од бои и контрасти ќе го разбие сивилото во градот, сметаат организаторите.

- Сите ќе творат на свој начин, фестивалот има ревијаен карактер, изјави Трендевски.

Организаторите сметаат дека полека јакне свеста кај населението за зачувување на изработените мурали во Куманово. Изминатиов период беа исцртани површини на булеварот „Октомвриска револуција“, на неколку локации, меѓу училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, населба Гоце Делчев, скоро цело градско подрачје во Куманово, во повеќе урбани заедници. Уметниците исцртаа мурали посветени на великанот Блаже Конески, репрезентативецот Столе Димитриевски, на Гоце Делчев, на хероите од „Диво Насеље“, на Бобан Трајковски...

- Нè радува што граѓаните го препознаваат нашиот труд, кажа Трендевски.

За годинашниов фестивал, „Графити фест“ „Форма Куманово“ доби поддршка од бизнис заедницата од државата.

Изложбата „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ со второ претставување во Виница

Во галеријата на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница денеска ќе биде отворена ликовната изложба „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ составена од дела од поранешни и сегашни студенти од Ликовната академија во Штип.

Изложбата е во рамки на Фестивалот на уметноста „Ликовна визија“, организиран од Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Изложба претходно беше поставена во македонскиот КИЦ во Софија, а нејзиното финално презентирање пред публиката ќе биде на 28 мај во Штип.

Целта на оваа патувачка изложба на делата од поранешни и сегашни студенти од Ликовната академија во Штип е да го претстави квалитетот на ликовната обука и да ја афирмира Ликовната академија во државата и регионот и да го претстави развојниот пат на креативните личности сврзани со институцијата.

Изложбата се состои од дела настанати во Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од 2019 до 2023 година. Застапени се делата на авторите Мики Иванов, Миа Ефремова, Крсте Тарабунов, Ивана Ивановска, Дејан Витанов, Вангел Крстиновски, Бојана Тошевска и Александра Јеротијевиќ-Андреева.

Д-р Иво Пецов, како куратор на изложбата, се погрижи да бидат избрани карактеристичните дела од ареалот на штипската Ликовна академија, во согласност со целите на нејзината програма – да образува кадри од областа на класичното сликарство.

Како што информираат организаторите, во образовната програма „Класично сликарство“ студентите работеле под менторство на различни наставници, и тоа: Викторија Егорова и Игор Егоров од Русија, Лариса Бондаренко и Владимир Недајборшч од Украина, како и македонските професори: Јордан Ефремов, Слободан Милошески, Ванѓа Димитријева-Кузманоска и Јана Јакимовска.

Жанровски, најзастапена е мртвата природа, а може да се видат и лицата на некои од авторите преку жанрот автопортрет, како и дела кои биле дел од специфични задачи од опфатените предмети во Ликовната академија.

Изложбата ги опфаќа класичните сликарски техники: маслени бои на платно, акрил на платно, сув пастел на хартија и слично, а форматите се галериски.

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ја презентираше новата веб страница на општината

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ја презентираше новата веб страница на општина Кисела Вода. 

Страната нуди 20 нови дигитални услуги што претставува втора фаза од дигитализацијата на општината како што е електронско аплицирање и плаќање на услугите како и елекстронски упис на деца во градинките.

притисни ентер