Договорот за Брегзит го помина првиот праг во Европскиот Парламент

Комитетот за уставни работи на Европскиот парламент денеска во мрачна атмосфера го прогласи  ратификувањето на договорот за повлекување на Обединетото Кралство од ЕУ, прва фаза пред пленарната сесија следната недела.

Со многу големо мнозинство (од 26 пратеници, 23 гласаа „за“ и 3 „против“), парламентарната комисија го даде своето одобрение, што служи како препорака за гласањето на 29 јануари, кога текстот со кој се уредува методот на раздвојување ќе биде доставен до сите европратеници.

Тоа ќе биде последната голема пресвртница што официјално ќе го потврди излегувањето на Велика Британија од ЕУ на 31 јануари, по повеќе од три години тешки преговори и вжештени дискусии.

„Избор е помеѓу уредениот и тврдиот Брегзит“, рече Гај Верхофштат, известувач за Брегзит, кој потсети на важноста за гласање во парламентот.

Огромното мнозинство на политички групи жалеа за заминувањето на Британците, освен пратениците од екстремната десница, кои го поздравија „големиот ден“ со одобрување.

„Не е време за славење, иако ја почитуваме суверената одлука на британскиот народ“, коментираше италијанскиот претседател на Комитетот, Антонио Тајани.

„Ќе работиме на нов договор меѓу ЕУ и Велика Британија од 1 февруари“, рече Тајани.

„Не е против Велика Британија, туку за европските граѓани“, објави Тајани, додавајќи дека сите институции на ЕУ ќе „работат на одбрана на интересите на европските граѓани“, објави италијанската агенција АНСА.

Вчера, британскиот парламент конечно го прифати договорот за излез од ЕУ. Кралицата Елизабета Втора денеска го потпиша законот, што му дава правна сила.

Официјалното излегување следи по преодниот период што ќе трае до крајот на годината. Во меѓувреме, Велика Британија ќе продолжи да ги применува правилата на ЕУ, но нема да учествува во заедничките одлуки.

Периодот на транзиција треба да овозможи безболен излез и двете страни да преговараат за идните односи, особено за трговскиот договор.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер