Докторот на Шумахер: Не сум волшебник , нема експерименти за кои се пишува

Познатиот француски хирург , Филип Менаш , човекот кој го лекува асот на Формула 1 , Мајкл Шумахер , реагираше на медиумските написи за лекувањето на славниот Германец.

Неколку европски таблоиди објавија информации пред неколку недели дека Менаш користел експериментална терапија врз Шумахер, а тој денеска ги демантира.

"Јас не сум волшебник и не работам чуда. Мојот тим и јас не експериментираме. Овој термин не постои за нас и не одговара на она што навистина е лекот", рече Менаш, чии зборови ги пренесе Марка, додавајќи:

„Имаше огромн внимание по извештаите во медиумите, но ситуацијата се нормализира. Ние постигнавме голем напредок во последните 20 години, но сè уште знаеме малку за матичните клетки“, заклучи Менаш.

Ианку, поминаа повеќе од пет години откако Мајкл Шумахер падна додека беше на одмор со синот Мик на скијање на француските Алпи.

Тој возел во необележан дел од патеката, паднал незгодно на главата на единствениот голем камен во околина на неколку десетици метри.

Легендарниот возач на Формула 1 сè уште се опоравува, а информациите за неговата состојба се сведуваат на шпекулации во медиумите и детали откриени од претежно анонимни извори.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

Мицкоски: Случајот со писмото на Битиќи до компаниите е сличен на „Траекторија“

Шокантно, самобендисано, претенциозно и криминално. Ќе го потсетам господинот Битиќи но и Обвинителството дека за нешто слично се водеше судски процес во минатото наречен „Траекторија“.

Шокантно, самобендисано, претенциозно и криминално. Ќе го потсетам господинот Битиќи но и Обвинителството дека за нешто слично се водеше судски процес во минатото наречен „Траекторија“, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање во врска со писмото коешто го испратил вицепремиерот Фатмир Битиќи до компанииите кои добиле помош од државата и во коешто бара поддршка за изборите.

„Јас го повикувам Обвинителството да нема двојни аршини и да постапи исто и со господинот Битиќи. Ако не постапи, тогаш се потврдува нашата теза дека имаме работа со октруирано обвинителство, партизирано обвинителство, но наскоро и тоа ќе го ослободиме“, додаде Мицкоски.

Мицкоски исто така додаде дека ова што го направил Битиќи е кршење на членот 353 од КЗ, бидејќи ја злоупотребува положбата со цел да прибави политичка корист.

„Јас ви гарантирам дека истражните органи ќе отворат истрага за ова што го прави Битиќи. Тој во својство на вицепремиер испраќа писма до компании каде што наведува дека, внимавајте јас како вицепремиер ви дадов пари, а сега треба мене да ме гласате на овие избори. Тоа е кршење на членот 353 од КЗ, односно злоупотреба на службена положба и овластувања за прибавување корист, а таа корист е политичка“, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш го повика обвинителството да постапи, бидејќи во спротивно ќе се потврди тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека Обвинителството е октруирано и партизирано и дека е потребно целосно распуштање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства.

„Ќе ве потсетам, случајот „Траекторија“ токму за нешто вакво слично се водеше и го повикувам јавниот обвинител, овој новиот, го повикувам него или тие надлежните коишто се, да отворат веднаш истрага. Во спротивно ќе се потврди нашата теза дека имаме работа со октруирано и партизирано Обвинителство и уште еднашка ќе се потврди нашата заложба за целосно распушатање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства, бидејќи навистина не може македонија понатаму да се развива со вакви луѓе ако тие не постапуваат согласно закон“, нагласи Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер