Драма на лет за Франкфурт- 70 патници наеднаш почнале да повраќаат, ги чекала Итна помош

На аеродромот во Франкфурт имало голема спасувачка операција поради летот на Кондор DE2315 од Маурициус до Франкфурт.

За време на летот, 70 од 290 патници ненадејно пријавиле симптоми како гадење и повраќање, пренесува магазинот Феникс.

По слетувањето во Франкфурт во четвртокот околу 17:30 часот, авионот го пречекале голем број возила за итна помош. Дури и била побарана помош од градот и локалната област.

Портпаролката на Кондор го потврди инцидентот и рече дека екипажот не бил погоден.

„Екипажот е едуциран и обучен за вакви посебни ситуации. По внимателно испитување на целата ситуација, летот продолжи, а авионот безбедно слета во Франкфурт, каде медицинските експерти беа достапни да се грижат за погодените патници“.

Но, зошто 70 луѓе се разболеле одеднаш? Дали се работело за храна?

„Кондор веќе започна истрага за случајот со цел да се открие причината и да се извлечат можни мерки од тоа“, продолжи портпаролката.

„Кондор тесно соработува со сите одговорни партнери и власти. Во моментов нема достапни резултати. Не сакаме да шпекулираме за причината, на пример поединечните менија што беа понудени во авионот, а кои беа подготвени во Маурициус“.

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

притисни ентер