Државниот архив протече, документите на немилост на дождот

Историско национално богатство на Македонија може да биде неповратно изгубено.

При секој помал дожд депото на Архивот се поплавува со вода. Во неделата со џогерите в рака и со кофи вработените на Архивот заедно со директорот спасувале се што можело да биде поплавено.

Во депото на архивот се документи со непроценливо богатство како на пример оригиналните писма на Гоце Делчев, говорот на Панко Брашнаров од првата влада, документи стари од 12 век па се до поновата историја, оригинали од турско време, околу 2 милиони тапии за имоти и буквално целата историја на земјава ставени во депо кое и по два дена од врнежите се уште вода капе од сите страни.

Според стандардите во просторија каде треба да се чува вакво национално богатство недозволиво е да поминуваат водоводни, одводни цевки и да претставуваат закана.

Од архивот се едногласни – и најубавата зграда да им ја дадат ништо не им значи. Единствено што апелираат е да се вратат назад во стариот објект кој е строго наменски граден за Архив.

Голема среќа имало депото што зимата е блага па не се случиле поплави ако ланските кога заради замрзнати одводни цевки депото се поплавило.

Од Министерството за култура велат дека се целосно запознаени со проблемот и дека се бара соодветно решение.

Додека да се преселат на суво и сигурно на вработените од архивот им останува да гледаат во облаци и да дежураат на секој дожд за да се спасува целокупната историја на државата.


Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

Францускиот парламент ќе ја испита сексуалната злоупотреба во киното

Францускиот парламент денеска се согласи да формира истражна комисија за да ги испита актите на сексуална злоупотреба и напади во киното и другите културни сектори по неколку неодамнешни обвинувања.

Националното собрание, или Долниот дом, едногласно се согласи со предлогот изнесен од актерката Џудит Годреше, која ги обвини режисерите Беноа Жак и Жак Дојон дека сексуално ја нападнале кога била тинејџерка. И двајцата ги отфрлија обвинувањата. /МИА

притисни ентер