ДУИ и денеска со повик до сите албански партии да им се приклучат за да изберат Албанец за премиер

Откако ги повика Албанците да се мобилизираат за неговата идеја, Али Ахмети побара поддршка и од политичките противници да се обединат за остварување на целта – прв премиер Албанец на Македонија.

И по острите реакции од партиите и од јавноста дека тоа е невозможно, од неговата партија се убедени дека ќе успејат во намерата. Албанците не се рамноправни на институционално ниво и треба да се стави крај на етничкиот монопол на премиерската функција, тврди високиот функционер од ДУИ, Бујар Османи. Додава дека не се работи за предизборно додворување на гласачите.

- Ние денеска ги повикавме сите албански партии, особено на Албанците, да се обединиме за оваа идеја, бидејќи ова е надпартиско прашање со кое се руши последната бариера на неправда во оваа држава каде што се уште постои етнички монопол и предрасуда за функцијата премиер. – Бујар Османи – ДУИ

Османи вели дека досега сите амбициозни цели како партија ги оствариле, а меѓу нив ги вбројува министерските позиции, изборот на Талат Џафери за собраниски спикер и законот за јазици како последен приоритет за нив од Охридскиот рамковен договор.

- Сметаме дека сега е време да се избере првиот премиер Албанец, со што ќе има континуитет во успесите за рамноправност која се уште не е целосна во оваа држава, но имајќи ги предвид чекорите од претходно вклучувајќи ги прв министер за одбрана, прв министер за внатрешни работи, претседател на Врховен суд, народен правобранител, претседател на Собрание, сега е логичен след. – Бујар Османи – ДУИ

Идејата на Ахмети го отвора и прашањето дали ДУИ по изборите ќе отпадне од идната владина коалиција доколку инсистира на премиерската позиција. Од најголемите политички партии му одговорија – законот вели кој вели дека премиер станува оној кој ќе освои најмалку 61 пратеник на парламентарните избори. СДСМ не отстапуваат од ставот дека ако условот на ДУИ остане ист, место во идната Влада за нив нема да има. И од ВМРО ДПМНЕ појаснуваат – изборот на премиер не е политичка желба, туку го прават граѓаните преку гласање на изборите.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер