Две години неуспешна борба да опстои еколошкиот билборд во Тетово

 Ниту подолготрајниот период со чести врнежи од дожд во април и мај односно позитивните временски прилики не му помогнаа на градското дрво или еколошкиот билборд во Тетово да биде во функција. 

Сега веќе на 30-степенски температури и понатаму е исушен природниот материјал, вертикалната структура и комбинација на мовови и васкуларни растенија што беа поставени со цел да се апсорбира ситната отровна прашина односно ПМ10 и ПМ 2,5 честички.

Овој растителен филтер што има улога на прочистувач на воздухот како што би имале 275 дрвја беше поставен во март 2017 година како проект на невладината организација Еко свест и Општина Тетово во соработка со приватни компании. Неколку месеци подоцна, голем дел од растенијата се исушија, а па од Еко свест во јули 2017 ставија садници.

Минатата година година во лето садниците повторно се исушија затоа тоа што се расипа пумпата за вода.

– Градското дрво е во сопственост и надлежност на Општината. Ние доколку имаме садници како во јули 2017 ќе извршиме промена, но за тоа треба да добиеме повик од Општината, информираа од Еко свест.

Од Општина Тетово информираат дека и понатаму проблем за нефункционалност на еколошкиот билборд е прегорување на пумпата за вода.

– За пумпата нашите служби вршеа редовен дотур на вода, но од непознати причини таа не е во функција. Ние сме во контакт со Еко свест и информирани сме дека веќе се нарачани деловите и пумпата за вода од Германија за повторно ставање во функција на ова дрво на кое му треба и обновување на садниците од кои дел се исушени, што исто така треба да ги обезбеди Еко свест од Скопје, гласи одговорот што го доставија од канцеларијата за комуникации и односи со јавност при Општина Тетово.

Освен уништените растенија во внатрешноста на билбоардот несосвени граѓани оставале отпадоци. Оштетени се лимениот дел од билбордот како и клупите за седење.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер