Две жртви и десетина повредени во пожар во четирикатница во Хамбург

Две лица загинале рано утрово во пожар што избувнал во четирикатна зграда во германскиот град Хамбург, објавија итните служби.

Уште едно лице е тешко повредено, изјави портпаролот на противпожарната служба.

Четиринаесет други станари во станбената зграда во областа Харбург биле спасени. 85 пожарникари се бореле со пожарот. Вкупно 11 возрасни и три деца побарале помош од итните служби, изјави портпаролот.

Едно лице загинало откако скокнало од прозорец за да избега од пожарот, а друго е пронајдено мртво во еден од становите. Засега не се познати причините за пожарот.

Зеленски: Русија започна нова офанзива во регионот Харков

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Русија започнала нова офанзива во регионот Харков.

„Русија започна нов бран на офанзивни акции во насока на Харков. Нашите бранители ги пречекаа со копнени сили, бригади и артилерија“, рече Зеленски на прес-конференција во Киев, додавајќи дека Русите би можеле да испратат повеќе сили за поддршка на пробивот на североисток.

Руските сили денеска почнаа копнена офанзива со оклопни возила во близина на Харков, вториот по големина град во Украина на североисток, и постигнаа ограничен напредок. Ова отвори нов фронт во долготрајната војна што се води на исток и југ.

Украина испрати засилување додека беснееја борби во пограничните области во областа, соопшти Министерството за одбрана, додавајќи дека Русија го нападнала пограничниот град Вовчанск со наведувани бомби и артилерија.

„Околу 5 часот, непријателот се обиде да ја пробие нашата одбранбена линија под заштита на оклопни возила. Тие напади сега се одбиени, борбите со различен интензитет продолжуваат“, соопшти Министерството.

Украински воен извор, кој одби да биде именуван, рече дека руските сили напреднале еден километар во внатрешноста на украинската граница во близина на Вовчанск. /МИА

Ракети истрелани врз градот Бершеба

Сирените денеска се огласија во израелскиот јужен град Бершеба, а потоа се слушнаа неколку експлозии.

Засега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета од ракетниот напад.

Последен пат сирените во Бершеба се огласија на 14 април за време на иранскиот ракетен напад. /МИА

Утре променливо облачно и потопло

Времето утре ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. 

Попладне ќе има локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник.

притисни ентер